Свет
Г8 за интернетот: како да се изедначи растот со надзорот
Интернетот сега е најинтересниот двигател на растот и треба да се регулира на начин кој е прифатлив и за владите и за самата индустрија, е заклучокот на Форумот „е-Г8“, кои ќе им биде пренесен на лидерите на осумте индустриски најразвиени земји
Интернетот сега е најинтересниот двигател на растот и треба да се регулира на начин кој е прифатлив и за владите и за самата индустрија, е заклучокот на Форумот „е-Г8“, кои ќе им биде пренесен на лидерите на осумте индустриски најразвиени земји (Г8), кои одржуваат дводневен самит во француското одморалиште ДовијЕлитата на интернетот, а меѓу нив и основачот на Facebook, Марк Зукерберг и претседателот на групацијата Google.Inc., Ерик Шмит, вчера во Париз го заврши дводневниот форум со предупредување до светските влади дека пресилната регулација на интернетот би можела да им наштети на неговите вредности.„Интернетот сега е најинтересниот двигател на растот и треба да се овозможи негов развој“, рече Извршниот директор на рекламната агенција Publicis и домаќин на форумот, Морис Леви. Тој додава дека државите на интернетот треба да му пристапат како на „сектор кој остварува раст“, но важно е и да се регулира пазарот. Третиот елемент, кој според леви е и најважен, е креативноста. Зукерберг, младиот основач на социјалната мрежа Facevbook со преку 500 милиони корисници ширум светот,, во Париз беше дочекан како рок-ѕвезда заради улогата на таа мрежа во демократските движења во текот на „арапската пролет“. „Луѓето ми велат дека е прекрасно тоа што Facebook одигра голема улога во „арапската пролет“, но истовремено е застрашувачки какви се информации можете да споделите или да соберете за луѓето. Но, тешко оди едно без друго. Не можете некои работи кои ви се допаѓаат да ги изолирате, а оние кои не ви се допаѓаат да ги контролирате“, изјави Зукерберг. Претседателот на групацијата Google.Inc истакна дека интернетот ќе се развива побргу од владите и затоа законите не смеат да се носат пред да се сфати какви последици ќе предизвикаат. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

