Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Списоците на СДСМ се преполни со лица гонети за криминал
Списоците на СДСМ за 5-те најсилни се преполни со лица гонети за тежок криминал. Тоа денеска го потврдуваат и инстутциите, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
Списоците на СДСМ за 5-те најсилни се преполни со лица гонети за тежок криминал. Тоа денеска го потврдуваат и инстутциите, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
Тој истакна дека на списоците на СДСМ се наоѓаат лица кои имаат дебели криминални досиеја, лица чија единствена цел е заплашување на граѓаните и правење инциденти.
„Ова се и најсилни, ама всушност и најкриминалните членови на СДСМ, нагласи Бичиклиски. Со еден збор, на списоците на СДСМ се наоѓаат лица кои имаат дебели криминални досиеја, лица чија единствена цел е заплашување на граѓаните и правање инциденти. Денеска стана јасно дека постои многу поголемо обмислено сценарио за делегитимирање на самите избори“, истакна Бичиклиски.
Тој прашува до каде ќе оди ова.
„Претепан член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, меѓусебна тепачка на раскарани телохранители на СДСМ во Охрид, вулгарен и крајно нечовечки обид за поткуп на гласачите во Шуто Оризари со расипаното месо, поткуп со кафе, монтажи за наводно искршени штабови, местенки. На што се’ друго сте подготвени?! Не може да поверуваме на кое дереџе падна СДСМ. Ова сценарио мора да престане. СДСМ мора да се соочи со својот пораз. Не се работи за иднината ниту на Црвенковски, ниту на Шекеринска. Се работи за иднината на граѓаните и за иднината на Македонија“, изјави потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ велат дека изјавата на МВР е координирана со ВМРО-ДПМНЕ.
„МВР стана филијала на ДПМНЕ, коишто ги доставија списоците до МВР. Наша внатрепартиска работа е кои се нашите чувари на победата или чувари на избирачките кутии. Такви луѓе, и членови на Избирачките одбори и набљудувачи ги има околу 10.000. Ова е повторно евтин обид да се отргне вниманието на јавноста за големиот скандал со списоците од јавната администрација“ , рече потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, порача Лукровски на денот на ослободувањето на Скопје
Делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Сотир Лукровски и советниците Христо Саракинов (ВМРО – ДПМНЕ) и Татјана Стојановска (Независни за Карпош) , денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред.
На тој начин, претставниците од локалната самоуправа одадоа почит по повод одбележување на 81 годишнината од ослободувањето на главниот град. Во рамки на свеченоста која ја организираше Сојузот на борци на Македонија, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред се поклонија и бројни делегации и претставници од граѓански здруженија.
Пред присутните се обрати и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој во оваа пригода ја истакна важноста од чествување на празниците, кои се темел на македонската национална свест.
„Со жалење ќе констатирам дека бројот на живите сведоци од НОБ е навистина мал. Затоа апелирам, ние помладите да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, бидејќи сите тие елементи се дел од нашата колективна историја“ – констатираше Лукровски.
Македонија
Утре со студено утро, преку денот сончево
Времето утре, наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Утре и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко.
Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Филипче ќе го номинира Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, вечерва ќе соопшти и други кадровски промени
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план.
Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ.
„Трајановски е човек кој долго време му е посветен на СДСМ, а неговата кампања покажа дека знае да мобилизира поддршка и да привлече внимание. Верувам дека со неговото вклучување ќе добиеме значајно кадровско засилување,“ рече Филипче.
Тој потврди дека на вечерашниот состанок ќе бидат презентирани и други промени, повикувајќи на трпение од членството и симпатизерите додека трае внатрепартискиот процес.
Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Во 2012 година ја завршил специјализацијата по ортопедија, а во 2019 година и субспецијализацијата по трауматологија. Тој е поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Трајановски е активен на политичката сцена како член на Извршниот одбор на СДСМ.

