Македонија
ДПА:Албанскиот јазик да биде задолжителен за учениците Македонци
ДПА денеска на прес-конференција побара албанскиот јазик да биде задолжителен за македонските ученици исто како што македонскиот е задолжителен за албанските основци
Според партијата, одлуката на Влада од второто полугодие на учебната 2009/2010 година албанските и другите немакедонски првачиња да го изучуваат македонскиот јазик е тенденциозна и дискриминаторска.„Актуелната влада одобрува ваква одлука без претходна консултација со експерти и педагози. Никој нема против изучувањето на македонскиот јазик, ниту против изучувањето на другите предмети, меѓутоа, наметнувањето, со налог од Владата, првачињата задолжително да го учат и македонскиот јазик, покрај другите задолжителни обврски, секако дека е тенденциозно, неоправдано и непринципиелно“, рече потпретседателот на ДПА Илјаз Халими на денешната прес-конференција.Тој посочи дека одлуката била неразбирлива и од педагошки аспект, бидејќи, како што рече, имајќи ги во предвид развојните карактеристики на децата од шестгодишна возраст изучување на трет јазик е одвишно и влијае во нивниот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка
Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.
Бебето се вика Петар, а 61-годишната мајка останала бремена со сопствена јајце-клетка која била замрзната.
Жената е породена со ин-витро процедура, а бременоста и била следена во Македонија, додека раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, кажа директорката.
Петар е тежок 2 килограми и 350 грама и долг 48 сантиметри.
Алексиоска-Папестиев изјави дека пациентката претходно имала три интервенции од кои две во Белград а една на ГАК.
Во текот на бременоста која била контролирана имала висок притисок и шеќерна болест, но се поминало во најдобар ред.
Македонија
Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот
Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или полициско искуство, да поседуваат дозвола за оружје. За работата ќе им плати три илјади евра и дополнително трошоци за јадење и пат.
„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни ми се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседуваат дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриени трошоци за јадење и пат). Може од секоја етничка припадност и пол“, се вели во неговата објава.
Штекли неодамна повторно беше цел на напад кога во дворот на неговиот дом во Ќерамидница беше фрлена бомба. Претходно, двапати во него беше пукано во трговскиот центар „Ист гејт“.
Македонија
Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје
Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки автобуси за Град Скопје обезбедени од ЕУ како дел од проектот за чист воздух.
„Би сакала да им посакам барем еднаш да докажат и да покажат, прво, пред граѓаните дека она што го говорат ќе може да го реализираат за на следните избори да имаат поддршка, а во рамките на она што досега сме го виделе, не верувам дека некој ќе мисли дека тоа е така. Затоа што јас кога се кандидирав како градоначалник ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, која, за жал, не успеа да се надмине себеси, односно нејзиното раководство. Суетите се преголеми за да му дозволите некому да работи, без да му кажувате што и како да прави“, посочи Арсовска.
Додаде дека никогаш повеќе не би сакала да работи со луѓе што само саботираат и блокираат.