Македонија
Предлогот на Тодоров помина во собранието
Собранието на Република Македонија на вечерашната 139-та седница, со 76 гласа “за” и двајца воздржани, го изгласа предлогот за измени на Законот за високо образование, по скратена постапка..Утринава, надворешното оценување на професорите, како дел од предлогот за измени на законот за високо образование, влезе повторно во игра, иако министерот за образование и наука, Никола Тодоров најави негово повлекување. На седницата на собраниската Комисија за образование и наука, министерот рече дека е против овој амандман, но членовите во Комисијата од редовите на ДУИ повторно го предложија. Министерот гласаше против, но сепак амандманот беше изгласан.Надворешното оценување кое од страна на универзитетските професори беше оценето како најнавредлив дел од предлогот на Тодоров, ќе значи дека надворешно лице ќе ги надгледува универзитетските професори додека тие работат.Голем дел од академската заедница влезе во отворен конфликт со министерот за образование и наука, Никола Тодоров, поради неговиот предлог за измени во законот за високо образование, кои вклучуваат построги критериуми за станување доцент, асистент и професор, објавување на повисок број научни трудови, отчет на јавните универзитети пред Собранието и јавноста, самоевалуација на професорите итн. Дел од професорите измените ги сфатија како упад во автономијата на универзитетите. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

