Свет
Груевски побарал од челниците на МВР итна истрага
Премиерот Никола Груевски се јавил во Министерството за внатрешни работи и лично се заложил веднаш да биде отворена истрага за извозот на нафта во 1998 година за кој „Време“ објави серија написи со докази за незаконитост.
ПО ПИШУВАЊАТА НА „ВРЕМЕ“ ЗА ИЗВОЗ НА НАФТА ВО 1998
Премиерот Никола Груевски се јавил во Министерството за внатрешни работи и лично се заложил веднаш да биде отворена истрага за извозот на нафта во 1998 година за кој „Време“ објави серија написи со докази за незаконитост.
Како што дознаваме од извори во МВР, по написите во „Време“ во кои беа објавени и интерни документи од Царинската управа, Груевски побарал од челните луѓе во Министерството веднаш да отворат истрага и да утврдат каде се парите од извезената нафта и зошто во Народна банка на Македонија не била регистрирана ниту една наплата од извоз на нафта и нафтени деривати, како што пишува во царинската документација што се однесува за периодот од 1 јануари 1997 до 31 декември 1998 година.
„Време“ врз основа на таа документација, за која Царина потврди дека е веродостојна, објави дека во 1998 година од Македонија биле извезувани огромни количества нафта и нафтени деривати во стотици држави во целиот свет. Нафтата била извезува во Кувајт, Саудиска Арабија, Русија, Германија, Франција, Грција, Хрватска, Кина, Белгија, Југославија, Кипар, Италија, Бугарија, Швајцарија, Финска, Велика Британија, Албанија, Литванија, Полска, Унгарија, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Бахреин, Молдавија, Данска и во уште многу други. Според официјалните податоци на Царината, во тој период биле извезени 34.027.888 килограми нафта во вредност од 6.727.029 американски долари. Дел бил извезен како моторен бензин, дел како авиобензин, а дел како гориво за млазни мотори од керозински вид.
Овој извоз не бил регистриран во Народна банка, за што и официјално потврдија од кабинетот на гувернерот Петар Гошев. Според официјални извори од Министерството за финансии и од Девизниот инспекторат, секој извоз мора задолжително да се регистрира во НБМ, а во спротивно станува збор за криминал, прекршување на Законот за девизно работење и повлекува строги санкции.
Во прилог на пишувањата на „Време“ одат и изјавите од „Макпетрол“ и од рафинеријата „Окта“, кои демантираат дека воопшто извезле нафта во 1998 година.
Извори на „Време“ од Царинската управа тврдат дека станува збор за фиктивен извоз
на нафта за да се избегнат давачките кон државата, односно за шверц, а потоа истата нафта била препродавана во Македонија, во Србија и на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

