Свет
Чиле пак се тресе
Во крајбрежните области на Чиле во среда повторно се почувствувале сеизмички активности како последица на катастрофалниот земјотрес од саботата со магнитуда од 8.8 степени по Рихтер, а властите прогласиле највисок степен на опасност од цунами
Чилеанските власти наредиле итна евакуација во неколку крајбрежни градови, пренесува CNN. Се страхува дека бранови на цунами може наскоро да се појават пред брегот. Локалните власти во Дичато и Концепсион на населението му рекле дека има точно 60 минути да се евакуира. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами само пренесе дека последниот земјотрес од вечерва имал магнитуда од 6 степени, a шест секунди пред него имало уште еден земјторес со магнитуда од 5,9 степени, но не соопшти ништо за појава на цунами. Но, најверојатно чилеанските сезимолошки станици имаат спротивни информации. Инаку и денеска продолжуваат да се бројат жртвите од саботната несреќа. Бројката жртви што властите ја потврдија досега изнесува 800, а околу два милиони луѓе останале без покрив. Во земјотресот се урнати околу милион ипол куќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Масовен руски напад врз Харков: одекнаа десетина експлозии, објавени првите снимки
Русија изврши масовен ракетен напад врз градот Харков во источна Украина, каде во средата наутро беа пријавени серија експлозии.
„Од зори во Харков трае масовниот напад на руски ракети“, потврди градоначалникот на источниот украински град Игор Терехов.
„Харков е под ракетен напад, а балистичките ракети сè уште се движат кон градот“, напиша Терехов на Телеграм.
🤬Небо Харкова після прильотів балістики
Le ciel de Kharkiv après l'arrivée des missiles balistiques🤬 https://t.co/vhglQGJJav pic.twitter.com/IMbWFDpYyz— Bounty (@JoelTarnawski) December 25, 2024
Воздухопловните сили на Украина известија за лансирање на крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море, иако првично не беше познато каде се упатени.
Веќе се регистрирани речиси десетина експлозии, јавуваат медиумите.
🇺🇦🇷🇺 | URGENTE- GUERRA UCRANIA-RUSIA: MASIVOS BOMBARDEOS SOBRE KHARKIV, UCRANIA. pic.twitter.com/7Cp2hxlluJ
— ShinRa News Network (@NewsShinra) December 25, 2024
На социјалните мрежи се појавија и видеа од нападот на кои може да се забележат како одекнуваат експлозии.
Како што објави Олех Синјехубов, шеф на Регионалната државна управа во Харков, избувнале неколку пожари поради пријавена штета на цивилна нестанбена инфраструктура. Засега нема потврдени жртви.
Како што претходно објави Укринформ, ширум земјата беше издадено предупредување за воздушен напад поради закана од руски дронови камикази.
Европа
Земјотрес ја погоди Русија
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 24 декември 2024 година во 22:33 часот на територијата на Русија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 41,5764 и географска должина 48,0357.
Хипоцентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од приближно 56,6 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Склучен договор во Сирија: Бунтовниците се приклучуваат на Министерството за одбрана
Новиот сириски лидер Ахмед ал Шар денеска постигна договор со водачите на бунтовничките фракции за нивно распуштање и инкорпорирање во Министерството за одбрана, се вели во соопштението на новата администрација во Дамаск
Премиерот Мохамед ал-Башир минатата недела изјави дека Министерството за одбрана ќе биде реструктуирано и ќе биде составено од поранешни бунтовнички фракции и офицери кои пребегнале од армијата на Башар ал Асад.
Според Ројтерс, главната задача на Ал Шар ќе биде да се обиде да избегне конфликти меѓу овие групи.
Новата сириска администрација го назначи Мурхаф Абу Касра, водечка фигура во бунтот со кој беше соборен претседателот Башар ал Асад, за министер за одбрана во преодната влада.
Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на повеќе од 13 години граѓанска војна, а Ал Асад побегна во Русија со своето семејство.