Македонија
Докузовски: Ќе изгинеме на теренот
Селекторот на македонската копшаркарска репрезентација, Марин Докузовски во пресрет на натпреварот против големиот фаворит Шпанија, ветува жестока борба.
Селекторот на македонската копшаркарска репрезентација, Марин Докузовски во пресрет на натпреварот против големиот фаворит Шпанија, ветува жестока борба.„Свесни сме за квалитетот на Шпанија. Ние постигнавме огромен успех со пласманот во полуфиналето и продолжуваме во исто темпо“, рече Докузовски.Македонскиот селектор информира дека во нашата репрезентација владее одлична атмосфера, иако е видлив уморот кај играчите.„Како и досега, одиме да ја играме нашата игра, ослободени од секаков притисок. Покажавме дека заслужено сме во самиот европски врв и продолжуваме така. Знаеме дека ќе дадеме се од себе, ќе изгинеме на теренот сите, од прв до последен и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Докузовски. Шпанија, во чии редови има бројни НБА ѕвезди и играчи кои настапуваат во најквалитетните клубови во Европа, важеше за главен фаворит за освојување на златото уште пред почетокот на шампионатот. Македонската нација со нетрпение го очекува почетокот на натпреварот, кој е закажан за 16:30 минути, со уверување дека нашите кошаркари, како и на изминатите средби, влегуваат мотивирани, без никаков притисок, полни со самодоверба и со желба за играње кошарка. Македонија последниот натпревар од првенството ќе го игра во недела. Доколку денеска победи, тогаш ќе игра за злато, а во спротивно ќе игра за бронза. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

