Македонија
И тоа е закон

Директорот на едно текстилно претпријатие на југозападот од Франција, неодамна им предложил на деветмина вработени, кои во меѓувреме се отпуштени,
Директорот на едно текстилно претпријатие на југозападот од Франција, неодамна им предложил на деветмина вработени, кои во меѓувреме се отпуштени, преместување во погонот во Индија за бруто плата од – 69 евра месечно!
Директорот на текстилната индустрија Кеармен (Carreman), кој вработува 150 луѓе, одлучил несреќните деветмина да ги отпушти, а со оглед на законот за работа, пред тоа им понудил работни места во другата фабрика во Бенгалор, Индија.
Платата во Индија би им изнесувала 69 евра бруто, за шест работни дена во неделата и платено здравствено осигурување. Посебен бенефит, истакнал директорот, би била 13-тата плата.
Вработените тоа го одбиле и ја обвиниле управата на фабриката за непочитување на работниците. Од управата одговориле дека “само го применуваат законот“.
“Францускиот закон не обврзува по писмен пат да предложиме префрлање на некое друго работно место. Свесен сум дека тоа е глупаво, но таа глупост е на законот“, изјавил генералниот директор, Франсоа Морел.
Carreman има фабрики во Франција, Романија и Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)