Свет
Нигерија нареди истрага за нападот врз американскиот авион
Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан наредил државните разузнавачки служби да спроведат истрага за нападот врз американскиот патнички авион извршен од нивни државјанин
„Додека се обидуваме да го потврдиме идентитетот на осомничениот и неговите мотиви, тајните служби целосно ќе соработуваат со американските власти“, соопшти нигериската влада.Американските власти соопштија дека Нигериецот кој рано утрото во сабота се обиде да предизвика експлозија во авионот „ербас 330“ со 278 патници и членови ан екипажот над Детроит, соработувал со Ал Каеда. Умар Фарук Абдулмудалад е нигерискиот државјанин, 23-годишен студент по инженерство во Лондон, беше совладан од патници и тројца стјуарди при обид да активира експлозивни смеси, при што мина со изгореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски одлучи: Шефот на разузнавањето ќе го замени вториот најмоќен човек во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Кирило Буданов, директор на украинската воена разузнавачка служба, за нов шеф на Кабинетот на претседателот.
„На Украина во овој момент ѝ е потребен посилен фокус на безбедносните прашања, развојот на Одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и на дипломатскиот колосек во преговорите, а Кабинетот на претседателот пред сè ќе служи за исполнување на тие задачи“, изјави Зеленски.
Овој потег следува по големата кадровска промена на крајот на ноември, кога беше разрешен Андриј Јермак, долгогодишен шеф на Кабинетот на претседателот и еден од најблиските соработници на Зеленски. Разрешувањето се случи во период кога Украина беше погодена од најголемиот корупциски скандал од почетокот на руската инвазија.
Кирило Буданов, 39-годишен генерал-полковник, ја води Главната разузнавачка управа (ГУР) од 2020 година. Под негово раководство, ГУР се разви во една од клучните и најефикасните институции на украинскиот безбедносен апарат.
Буданов во меѓувреме стана едно од најпрепознатливите имиња во Украина, а службата што ја води ужива репутација на една од најкомпетентните државни институции.
Фото: Depositphotos
Свет
Родителите на исчезнатиот тинејџер: Се’ уште се надеваме дека ќе го пронајдеме
Летиција Бродар го бара својот исчезнат 16-годишен син Артур. „Си-ен-ен“ известува дека Артур бил со десетина пријатели на новогодишната ноќ во барот што се запали во Швајцарија.
Летиција и нејзиниот сопруг Кристоф, кои живеат во швајцарскиот град Лозана, рекоа дека често се собирале во скијачкиот центар.
Кристоф рече: „Целосно сме скршени. Мислиме дека сè уште може да биде жив и затоа сè уште се надеваме дека ќе го пронајдеме.“
Тој додаде: „Нарачаа шише шампањ со прскалка. Минута или две подоцна беше тотален хаос.“
Сите тела на жртвите сега се извадени од барот Le Constellation, изјави швајцарски функционер за Ројтерс.
Полицијата е сè уште на терен и ја продолжува истрагата за причината за трагедијата.
Според сведоштвата на преживеаните и видеата што се појавија на социјалните мрежи, можно е таванот барот да се запалил кога прскалките се приближиле до него, што го разгорело пожарот.
Потврдена е смртта на 47 луѓе.
Свет
Тинејџерка раскажа дека не влегла во барот во Швајцарија бидејќи редот бил предолг: „Можевме да бидеме ние“
Осумнаесетгодишната девојка од Женева изјавила дека не била во барот Le Constellation само затоа што редот за влез бил предолг.
Ема изјави за „Ројтерс“: „Можевме да бидеме ние. Редот беше огромен, па решивме да не влеземе. Ја гледам листата на исчезнати лица и сите се луѓе на наша возраст“.
Седумнаесетгодишната Елиса Соуса исто така требало да биде во тој бар, но на крајот отишла на семеен собир.
„Искрено, ќе морам сто пати да ѝ се заблагодарам на мајка ми што не ме пушти да одам бидејќи Бог знае каде би била сега“, рекла таа.
Аксел бил во подрумот кога избувнал пожарот и рекол дека успеал да избега за чудо.
Превртел маса и се скрил зад неа за да се заштити од пламенот, а потоа успеал да се качи на горниот кат.
„Не можевме ништо да видиме, речиси се задушував“, рече тој.
За да избега, ја искористил масата и нозете за да го скрши прозорецот, избегнувајќи го единствениот излез низ вратата.

