Свет
Кина дозволи влез на ХИВ позитивни посетители
Неколку дена пред луѓето од цел свет да почнат да доаѓаат во Шангај на најголемиот саем, Кина ја укина забраната влез во земјата на луѓе кои го носат вирусот на СИДАта, како и на оние кои имаат други сексуално преносливи болести кој постоеше 20 години
Владата, ги одобри амандманите на законот за карантин во 1986 година и оној од 1989 година за регулирање влез за странци, поврзан со луѓето носители на ХИВ вирусот, а сега тие престануваат да важат, објавија Државниот совет на Кина, доцна синоќа.
Советот ги одобри промените од 19 април, а премиерот, Вен Јиабао, го потпиша декретот со што тие станаа правослини на 24 април, се вели во соопштениото од Советот.
Забраната за влез беше ограничена на луѓето со заразна туберкулоза, сериозни ментални нарушувања и „заразни болести кои може да наштетат на јавното здравје“.
Кина, ја имаше времено прекинувано забраната за ХИВ позитивните патници и во минатото, но со ревизијата на долгогодишните закони се вели дека оваа промена најверојатно ќе биде перманентна.
Државниот весник, Кина Дејли, го цитира портпаролот на министерството за здравство кој вели дека министерството постојано работи на перманентно отстранивање на забраната уште од 2008 при одржувањето на Олимписките игри во Пекинг.
Од 450.000 до милион Кинези се инфицирани со ХИВ вирусот, според УНИЦЕФ о Обединетите нации. Најверојатно 75.000 од нив развиле СИДА.
Пропорционално, Кина има помалку заболени граѓани со СИДА од соседните земји, како Виетнам на пример, каде 20.000 годишно умираат од СИДА, но здравствените експерти беа загрижени дека болеста лесно може да се рашири меѓу Кинезите.
Инфекцијата е најчеста меѓу сексуалните работници, работниците кои се селат и локалните жители во пограничните области, каде дрогата лесно се шверцува.
Во јануари, по 22 години и САД ја укина забраната за влез на ХИВ позитивни лица.
Претседателот Обама рече дека им ветил на адвокатите на здруженијата на хомосексуалците дека ќе делува во насока на елиминирање на рестрикцијата на одлуката која има корени повеќе во стравот отколку во фактите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

