Свет
Владата нема да ги врати функционерите на работа
Владата нема намера да ги врати на работа 544-те функционери што ги разреши пред неполн месец, и по цена да плаќа отштети доколку функционерите добијат на суд дека се разрешени во незаконска процедура.
ГРУЕВСКИ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА
Сунчица Стојановска
Владата нема намера да ги врати на работа 544-те функционери што ги разреши пред неполн месец, и по цена да плаќа отштети доколку функционерите добијат на суд дека се разрешени во незаконска процедура.
Владиниот портпарол Ветон Ибраими вели дека за Владата случајот со разрешувањата е завршен.
– Владата има принципиелен став да ги почитува законите. Почитувани се и во овој случај. Отворени сме за комуникација со антикорупциската комисија за да спречиме евентуални пропусти во иднина – изјави Ибраими.
Никој не може да процени колкави отштети ќе добијат функционерите ако тужат и судовите пресудат во нивна корист. Тоа зависи дали тужителот ќе бара и надомест за стрес, за нарушен углед, а сумата се утврдува индивидуално за секој случај.
– Тука се и сите плати и паушали што функционерите можат да ги бараат од денот на разрешување, па каматите и судските трошоци. Тоа е на товар на Владата. Верувам дека многу од разрешените нема да ги земат парите, но ќе тужат за лична сатисфакција – вели професорката Ана Павловска- Данева од Правниот факултет.
Дополнителен проблем е што судовите ќе се затрупаат со предмети. Досега тужби против Владата поднеле повеќе од сто разрешени функционери.
– Во образложението што го добив пишува дека сум разрешен поради грубо кршење на работните обврски. Какви обврски има во управен одбор? – вели еден од сменетите функционери.
Ако Владата ја признае грешката, разрешените ќе се вратат на работа. Во тој случај ќе извисат новоименуваните функционери.
Отпуштањата во УЦВП се политички реваншизам
Новиот директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба спроведува политички реваншизам со тоа што отпушта луѓе вработени по 2000-тата година, обвинија од партијата на Ахмети вчера, на прес конференција.
– Жалиме што директорот именуван од една влада што настојува да ја подобри економската состојба, првиот чекор што го презема е чисто политички. Разрешени се Албанци вработени кога на власт беше ДУИ – рече Ермира Мехмети, портпаролка на ДУИ.
Според неа, разрешувања има и во ЈП „Македонски пошти“ и во Управата за справување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

