Македонија
Професионалните војници ќе се вработуваат во фирми кои ќе ги помага државата
Професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ со навршени 38 години од денеска ќе можат да се пријавуваат на конкурс за вработување во компании коишто ќе ги субвенционира државата.
Професионалните војници се пријавени како дефицитарно занимање во Агенцијата за вработување и со дополнителни обуки ќе може да се пријавуваат за да бидат вработени во компании, на кои државата ќе им дава по 15.000 денари месечно во период од шест месеци.
Компаниите ќе имаат обврска овие лица да ги задржат на работа најмалку 18 месеци. Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска беше во посета на Агенцијата за вработување, за да се информира околу тоа како се спроведува Меморандумот кој го потпишаа со Агенцијата за вработување и министерството за труд и социјална политика.
„Ги поттикнувам професионалните војници во државата, после денешниот оглас, колку може помасовно да се пријават за ново работно место, за еден нов предизвик, нова професија, но во исто време ги повикувам и домашните компании да ги вработуваат професионалните војници и да го искористат овој момент на субвенционирање од страна на владата“ изјави Коњановски.
Според оперативниот план за мерките за вработување во 2011 година кој го усвои Владата, професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ со навршени 38 години возраст ќе можат да ги користат бенефициите од овој план, односно Програмата за самовработување, Програмата за формализирање на постојни бизниси, Програмата за субвенционирање за вработување и Програмата за подготовка за вработување./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

