Македонија
Жестока реакција на Атина за „Македонското претседателство“
Остра реакција на грчкото Министерство за надворешни работи предизвика намерата на Поранешната Југословенска Република Македонија да го искористи претстојното преземање на претседателството на Советот на Европа, за да промовира своите позиции во спорот со Атина за името“, објави”Навтемборики”.
„Остра реакција на грчкото Министерство за надворешни работи предизвика намерата на Поранешната Југословенска Република Македонија да го искористи претстојното преземање на претседателството на Советот на Европа, за да промовира своите позиции во спорот со Атина за името“, објави електронското издание на грчкиот весник “Навтемборики”.
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас изјави дека „раководството на ФИРОМ“ по кој знае кој пат ги отежнува преговорите во рамките на ОН и практично ги отфрла напорите и иницијативите на Атина за создавање на позитивна клима меѓу двете земји.
Портпаролот истакна дека Грција е подготвена веднаш да продолжи со конечно решавање на спорот околу името со име со географска одредница за сеопфатна употреба.
Делавекурас нагласи дека грчкото Министерство за надворешни работи за случајот ги информирало меѓународните органи на Советот на Европа и другите земји-членки на организацијата.
Министерот за надворешни работи на Антонио Милошоски, вчера изјави дека Македонија ќе го употребува името “Македонско претседателство 2010” во периодот од мај до ноември оваа година кога ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа./крај/бгн/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

