Македонија
Лицата со оштетен вид добија Брајов печатач

Министерот за образование и наука, Никола Тодоров денеска го достави Брајовиот печатар на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, со што ќе се реши проблемот со учебниците и литературата која им е потребна на овие ученици.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров денеска го достави Брајовиот печатар на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, со што ќе се реши проблемот со учебниците и литературата која им е потребна на овие ученици.„Ова е еден историски чин за ова училиште бидејќи од неговото основање до денес, немаше ваков печатар и немаше можност за печатење на ваков тип на страници,“ рече Тодоров.Печатарот што е инвестиција на Министерството за образование и чини два милиони денари, има капацитет од 600 страници на час и печати двострано. Од Министерството најавија дека моментално се работи на софтвер со кој ќе може да се командува компјутерот и говорно, за да можат да го контролираат лицата со оштетен вид.Директорот на училиштето „Димитар Влахов“ му се заблагодари на Министерството за оваа инвестиција, и го изрази своето задоволство што конечно и ова училиште во кое што учат 50 ученици од цела Македонија, ќе ја добие потребната литература за нив.Училиштето функционира како деветгодишно основно училиште, средно стручно образование и ученички дом. Во него, учениците доаѓаат за рехабилитација, едукација и стручно образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )