Контакт

Македонија

Фондот ќе одреди нови квоти за аптеките

Објавено пред

Управниот одбор на Фондот за Здравствено Осигурување на денешната седница донесе одлука за одредување на квоти за аптеките за следните три квартали за 2010 година.

dobivaj vesti na viber

Управниот одбор на Фондот за Здравствено Осигурување на денешната седница  донесе одлука за одредување на квоти за аптеките за следните три квартали за 2010 година.

Квотите по нов транспарентен начин и критериуми од Правилникот за квоти за аптеките фондот ќе ги одредува  по бројот на жители во одредена општина, број на осигуреници во општината, број на издадени рецепти во 2009 во општината и  број на фармацевтски тимови во општината.

Основни критериуми при определување на квоти на аптеките кои имаат договор со Фондот се: за фармацевтски тим во аптеката составен од фармацевт со лиценца за работа и фармацевтски техничар со уверение за положен стручен испит или двајца дипломирани фармацевти со лиценца за работа – 3 бода, за секој дополнителен дипломиран фармацевт со лиценца за работа во аптека – 2бода, за секој дополнителен фармацевтски техничар со уверение за положен стручен испит во аптека – 1 бод , да негува добри деловни односи со Фондот (да не е изречена договорна казна или раскинат договор во претходната година) – 1 бод, број на рецепти за издадени лекови на товар на средствата на Фондот во последните 6 месеци.

Како што информираат од Фондот со новиот правилник се овозможува минимално еднаш годишно ревидирање на квотите, и тоа по општина, врз основа на податоци со кои располага Фондот за последните 6 месеци.

Исто така на сите аптеки во рамките на една општина кои што нема да ги исполнат квотите, истите ќе им бидат намалени, а зголемени на аптеките кои што ги исполниле квотите во иста општина.

„Целта на Фондот беше да воведе рамноправен однос кон сите аптеки, бидејќи фактичката ситуација во Република Македонија е дека 85% од постоечките регистрирани аптеки сакаат да склучат договор со ФЗОМ“, велат од ФЗОМ.

Истовремено, Фондот укажува дека сите аптеки што доставиле комплетна документација заклучно со петок 26 март 2010 година ќе добијат договор кој што ќе важи од 01 април 2010 година./крај/со/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена

Објавено пред

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Центар и Карпош денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Европа1 час

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени се офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Свет1 час

(Видео) Најмалку седум лица загинаа откако се урна товарен авион во САД

Tоварен авион на компанијата UPS се урна во вторник и експлодираше во огнена топка неколку моменти по полетувањето од меѓународниот...

Македонија2 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет2 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион3 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион3 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ12 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ12 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ13 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ14 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија16 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија17 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија18 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет19 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија19 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија20 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија22 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија22 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија22 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...