Македонија
Швајцарската Влада го продава својот удел во УБС
Швајцарската Влада денеска соопшти дека преговара со повеќе можни купци на својот удел во банката УБС, вреден шест милијарди франци
Швајцарската Влада денеска соопшти дека преговара со повеќе можни купци на својот удел во банката УБС, вреден шест милијарди франци(5,5 милијарди долари).
Шестомесечниот период на задолжително чување на сопственичките хартии истекува денеска, што ја ослободува Владата да продаде сè или дел од уделот во најголемата швајцарска банка, соопшти Министерството за финансии.
Уделот беше дел од пакетот за спасување на од 60 милијарди долари што минатиот октомври беше составен за УБС. Банката претрпе рекордни загуби во кризата со хипотекарните кредити во САД и со економското забавување што следеше.
Министерството за финансии ја потврди намерата на владата своето финансиско учество во УБС да го држи во ограничен рок. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

