Економија
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија

Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија донесе одлука да го номинира Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Банката и член на УО на Steiermärkische Sparkasse, за нов претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка Македонија.
Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија донесе одлука да го номинира Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Банката и член на УО на Steiermärkische Sparkasse, за нов претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка Македонија. Оваа номинација сеуште е предмет на одобрување во согласност со интерните процедури во Банката, како и одобрување според регулативата на Народната банка на Македонија, за добивање на согласност од страна на Централната банка, се вели во соопштението. Притоа се истакнува дека сегашниот претседател на Управниот одбор на Банката, Срѓан Крстиќ останува во Банката со цел, како што се наведува, да го осигура континуитетот на квалитетот и стабилноста во работењето на Банката. Последниве две години, во период полн со предизвици, Крстиќ одигра многу важна улога во позитивниот раст на Банката и нејзината оперативна профитабилност. Како признание за значителниот придонес за развој на Банката, Надзорниот одбор го номинираше Крстиќ, како дел од интензивната програма за размена на знаења со другите членkи во Erste и Sparkasse, со цел зајакнување на неговите професионални квалификации и релации во Групацијата, се вели во соопштението.Далбоков (39) има 15 години меѓународно банкарство искуство во рамките на групацијата на Erste и Шпаркасе и бил на врвни менаџерски позиции, од член на УО на Erste & Steiermärkische Банка во Хрватска, како и претседател на УО во Erste Банка Србија.Далбоков во октомври 2010 година стана член на Управниот одбор на Steiermärkische Sparkasse AG во Грац, стратешкиот сопственик на Шпаркасе Банка Македонија.Со овие промени Steiermärkische Sparkasse има за цел да го забрза трансферот на знаење и најдобри практики, поддржувајќи ја Шпаркасе Банка Македонија како сигурен партнер на своите клиенти и значаен партнер на Групацијата.Ова е потврда за целосна поддршка од страна на групацијата Steiermärkische Sparkasse, за зацврстување на позицијата на пазарот на Банката како една од водечките банки во државата, чија позиција е потврдена и преку зголемување на капиталот од 30 милиони евра, што во изминатите шест месеци Steiermärkische Sparkasse ги инвестираше во Шпаркасе Банка Македонија, се укажува во соопштението на банката. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.