Контакт

Економија

Тема на „Асошиејтед прес“: Заврши ерата на евтина Кина

Објавено пред

Фабричките работници во Кина, кои бараат подобри плати и работни услови го најавуваат евентуалниот крај на ерата на мали трошоци, кои помогнаа јужниот крајбрежен дел на земјата да се претвори во светска работилница.

dobivaj vesti na viber

Фабричките работници во Кина, кои бараат подобри плати и работни услови го најавуваат евентуалниот крај на ерата на мали трошоци, кои помогнаа јужниот крајбрежен дел на земјата да се претвори во светска работилница. Серијата штрајкови во текот на изминативе два месеца беа груб повик за будење за многу странски компании, кои зависат од ниските трошоци во Кина за да можат да се натпреваруваат преку море: од изработувачите на божиќни дрвца, па се до производителите на помагала како што е „Ајпед“. Онаму каде што во некогашна Кина ниската технологија и бедните плати беа добредојдени, гладна да избега од изолацијата и од сиромаштијата, работниците сега бараат поголем дел од профитот. Во меѓувреме, владата ги форсира странските компании да вложуваат во области за кои веруваат дека ќе создадат поголемо богатство за Кина, како што е високата технологија. Многу компании се борат да останат профитабилни со тоа што ги префрлаат фабриките во поевтините области подлабоко во внатрешноста или во други земји во развој, а неколку дури и го обновуваат производството на Запад. „Кина ќе мине низ многу драматичен период. Големите компании почнуваат да излегуваат“, вели Рик Гудвин, ветеран на кинеската трговија во последните 22 години, чија компанија поврзува странски купувачи со кинески снабдувачи. „Имам 15 големи клиенти. Мојата работа е да им го дадам најдобриот совет што можам да им го дадам. Им велам како што е. Им велам, ставете си ги кацигите, ќе стане грдо“, додава Гудвин кој вели дека незадоволните работници и валутните промени кои многу тешко можат да се предвидат се неговите главни грижи.Одлуката на Пекинг да престане да го врзува јуанот за доларот, со што му дозволи да зајакне  и со тоа да ги крене цените во јуани, ја мултиплицира несигурноста на компаниите, кои веќе се препелкаат со бедни профитни маргини. Неодамна, компанијата „Уам-О“, која го создаде хулахопот и уште многу други познати играчки, одлучи половина од своето производство на „Фризби“ да го врати назад во САД. Дури и некои сектори каде што истражувањето е од суштинско значење, како што е фармацевтската, биотехничката и другите природно-научни индустрии исто така се премислуваат во врска со Кина поради цела низа причини, вклучувајќи и трошоците и иницијативите кои ги покренаа некои друг земји.„Природно-научните компании вратија дел од производството од Кина во САД. Во некои случаи, САД стануваат поевтини“, вели Шон Корел, директор на консалтингот во компанијата  „Емпторис“ од американската сојузна држава Масачусетс. Ова наскоро може да почне да важи и за издавачите. Печатење на книга со тврд повез од 334 страници и формат 27 на 27 сантиметри во Кина сега чини од 44 до 45 центи и уште три центи за превоз, вели Гудвин. Да се испечати истата книга во САД чини 65 до 68 центи.„Ако цените се качат за една половина, ќе бидат речиси исти со оние во САД, со тоа што несе чека цел месец додека пристигнат“, вели тој. Дури и со последните покачувања, платите на кинеските работници се само мал дел од оние на нивните американски колеги. Но, студиите веќе покажуваат дека вкупната ценовна предност се топи. Трошоците за работна сила се качуваат по отприлика 15 проценти годишно од донесувањето на законот за работни односи во 2008 година, со кој работниците станаа многу посвесни за своите права. Даночните преференции за странските компании завршија во 2007 година. Цената на земјиштето, на водата и на енергија секојдневно растат. Во последното истражување, објавено во февруари, фирмата за реструктуирање „Аликс Партнерс“ се открива дека во глобала Кина е поскапа од Мексико, Индија, Виетнам, Русија и Романија. Особено Мексико се здоби со предност благодарејќи на Северноамериканскиот договор за слободна трговија и брзиот, евтин камионски превоз, вели Мајк Ромери, исто така од „Емпторис“. Произведувачите на играчки и помагала, божиќни дрвца и евтини чевли веќе се преполовени или си заминале, некои во Виетнам, Индонезија или Камбоџа. Но, овие земји ги немаат огромната работна сила, инфраструктурата и пазарите кои што може да ги понуди Кина и повеќето се соочуваат со истите работнички проблеми како и Кина. Засега, најголемиот ефект од ваквата ситуација се чувствува во и околу Шенжен, поранешното рибарско селце во провинцијата Гвангдонг, која се граничи со Хонг Конг и која вдомува илјадници извозни производители. Меѓу нив е и тајванската фабрика, снабдувач на „Епл“ со „Ајфон“ и „Ајпад“. Како одговор на серијата самоубиства меѓу нејзината работна сила од 400.000 работници, „Фокскон технолоџи“ одговори со покачување на платите речиси двојно,, на 290 долари. Снабдувачите на „Хондамотор ко“ и на „Тојота мотор корп“, кои  не можат да здивнат од штрајкови, исто така ги покачија платите. „Фокскон технолоџи“ одбива да ги коментира гласините дека ќе го сели поголемиот дел од своето производство во осиромашената провинција Хенан во централна Кина, каде што на сајтот на локалните власти се нудат десетици илјади работници. Но, меѓу другите проекти во внатрешноста, „Фокскон технолоџи“ се здружува со најголемите глобални произведувачи на компјутери за да го изградат она што најверојатно ќе биде најголемата зона за производство на лаптопи во светот, која ќе биде сместена во Чонгќинг, град во западна Кина, каде што трошоците за работна сила се проценуваат  на 20 до 40 проценти помалку од оние во крајбрежните градови. Но, ако се земат предвид синџирот на снабдување и логистичките системи кои помогнаа јужна Кина да стане најмоќна извозна производствена сила, ваквите промени нема лесно да се случат. Но, за оние производители кои се во потрага по зголемена продажба внатре во брзорастечката Кина, со тоа што ќе го префрлат производството во областите во внатрешноста од каде што потекнуваат повеќето сегашни мигрантски работници и каде што трошоците се многу пониски, ова е најреалистичната алтернатива. „Новата игра е да се најде начин да се работи домашниот пазар“, вели Гудвин. Многу фабрики во Фошан, уште еден град во провинцијата Гуангдонг, кои исто така се соочија о серија штрајкови, во изминативе неколку месеци почнаа да си заминуваат, најмногу во посиромашните провинции во внатрешноста Хенан, Хунан и Џиангѕи, тврди Лин Лијуан, декан на приватниот Институт за територијална економија од Гуангжу. Огромните инвестиции во патишта, железници и друга инфраструктура ја намалува изолацијата на градовите во внатрешноста и дел од деценискиот проект „Развој на западот“, стратегија наменета за намалување на огромниот, политички опасен јаз во богатството помеѓу граѓаните и земјоделците од внатрешноста, кои ги има преку 600 милиони. Коцкајќи се дека немирите нема да се прелеат од големите фабрики во странска сопственост, кинеските лидери ја користат шансата да ги пренасочат инвестициите во региони кои се влечкаат зад индустрискиот бум на земјата. А имаат многу малку избор. Многумина од денешните фабрички работници имаат поголеми амбиции од нивните родители, кои главно ги штедеа своите заработки од составувањето играчки и телевизори, за да можат да се пензионираат во своите родни места во внатрешноста. Тие, исто така, се многу попребирливи во врска со платите и работните услови.„Судирите ја предизвикуваат моменталната поставеност на производство со ниски плати и ниска технологија и можат да катализираат трансформација на кинескиот индустриски сектор“, вели Ју Хаи, професор по социологија на универзитетот во Шангај, „Фудан“. /крај/ сс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Горан Ѓорѓиевски избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Објавено пред

Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

„Ова е специфичен момент затоа што треба многу да се направи за брендот Сојуз на стопански комори повторно да го добие реномето од пред десетина, петнаесет години. Влегуваме во нови времиња во кои ќе придонесеме за посилно деловно застапување, дигитална трансформација, раст на продуктивноста и транспарентноста на домашните компании“, изјави новоизбраниот претседател Ѓорѓиевски.

Во својата програма тој најави неколку приоритети: унапредување на деловната клима преку континуиран дијалог со институциите, поддршка на малите и средните претпријатија, поттикнување на иновациите и дигитализацијата, јакнење на регионалната и меѓународната соработка, како и инвестирање во образование и човечки капитал.

Прикажи повеќе...

Економија

Славески – Прескер: потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж.

dobivaj vesti na viber

Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите.

Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, додека амбасадорот Прескер ги нагласи долгогодишните добри дипломатски и економски врски помеѓу двете економии, особено во финансискиот сектор каде што активно се вклучени голем број реномирани словенечки компании.

Во однос на финансискиот сектор, Славески се осврна на заложбите на Народната банка за намалување на надоместоците на банкарските услуги, заради обезбедување подостапни финансиски услуги за сите економски субјекти. Прескер искажа задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку центарот за обуки ЦЕФ.

Средбата претставува можност за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји и унапредување на соработката.

Прикажи повеќе...

Економија

Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

Објавено пред

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за печатот објасни дека со новата одлука се олеснува кредитирањето за купување или градење прво живеалиште, односно стан или куќа наменети за сопствено живеење. Но, имајќи ги предвид условите на пазарот на недвижности, особено во главниот град, што водат кон забрзан раст на цените на становите, поради што стануваат недостапни за помладите генерации, се врши и затегнување на условите за користење кредит за станбен објект којшто не претставува примарно живеалиште за кредитобарателите.

„За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента.“

Имено, олеснувањето при купување прв стан се однесува на лицата коишто навистина немаат стан или куќа на свое име и планираат да купат или да изградат дом за сопствено живеење, за што треба да исполнат одредени критериуми, а се воспоставуваат соодветни механизми за проверка и следење, коишто се детално образложени во Одлуката.

„Промените во макропрудентните мерки имаат превентивен карактер и нивната цел е да нѐ заштитат сите нас од прекумерна задолженост, што може да се одрази понатаму на способноста за редовно отплаќање на обврските, како и на вкупната стабилност на финансискиот систем. Истовремено, со овие промени внимаваме да не „ги погодиме“ оние лица кои имаат потреба да го решат своето животно, станбено прашање, овозможувајќи им поповолни критериуми и полесен пристап до кредити, во однос на останатите корисници на кредити“, посочи гувернерот Славески.

Со ваквиот пристап, Народната банка се усогласува со практиката на голем број други централни банки во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија3 часа

Јас не сум од вчера во политиката, Левицата фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија3 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија4 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија4 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија5 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија7 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија7 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет8 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија8 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија8 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија9 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет9 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија21 час

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија21 час

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ22 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија22 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија24 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија1 ден

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ1 ден

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...