Свет
Обид за атентат врз министер во Дагестан
Во центарот на главниот град на севернокавкаската руска република Дагестан, Махачкала во саботата е извршен обид за убиство во кој е повреден републичкиот министер за национална политика, верски прашања и надворешни односи
Како што пренесуваат руските агенции експлозијата се случила во сабота наутро во 9 часот по локално време кога бил активиран експлозив поставен под автомобилот на министерот Бекмурза Бекмурзиев. Во експлозијата загинал возачот, а министерот и двајца членови од неговата придружба биле однесени во болница, но не се соопштуваат степенот на нивните повреди.Еден извор во дагестанската полиција за агенцијата Интерфакс дека Бекмурзиев бил во автомобилот кога се случила експлозијата во центарот на Махачкала. Претходно утрово агенцијата РИА Новости јави дека во центарот на дагестанската престолнина во саботата наутро бил разнесе џип „хундаи“.Според првичните податоци, во експлозијата биле ранети три лица.„Детали за она што се случило ќе бидат познати откако својата работа ќе ја завршат оперативците кои работат на местото на местото на инцидентот“, соопштила прес-службата на владата на Дагестан.Дагестанските официјани претставници соопштиле дека министерот Бекмурзаев и неговите двајца придружници биле превезени во болница, при што се наведува информацијата само дека министерот не е во живтона опасност. Возачот загинал, наводно, кога излегол од возилот затоа што експлозивот бил поставен под автомобилот, додал изворот на Интерфакс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

