Црна хроника
Дедо натепал дете што се расправало со неговиот внук
Две деца се расправале, но дедото решил да се пресмета со едно од децата, при што го повредеил во пределот на главата.
Како што соопшти полицијата, во среда, околу 12.45 часот во Скопје во холот на Основното училиште „Даме Крапчев“, Ј.Р.(60) физички нападнал деветгодишен ученик, со што му нанел повреда во пределот на главата. Ј.Р. го нападнал ученикот затоа што неговиот внук претходно имал расправија со него.Се преземаат мерки за расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени во Скопје и Битола искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.В. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 16.45 часот во СВР Битола, В.Т.С.(47) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола била касната од куче скитник.
Во СВР Битола на 13.01.2025 во 16.45 часот А.И.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Пронајдена дрога кај осуденик во затворот во Битола
Синоќа во 19.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени прилепчани: украле повеќе предмети од хала
Вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.