Македонија
Магливо и студено по котлините, во другите делови сончево

Сончево со умерена, а попладне и значителна локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, oсобено во скопската каде маглата со променлив интензитет ќе се задржи во текот на целиот ден.
Дневните температури ќе се движат од 5 до 11 степени.
Во Скопје и околината магливом со највисока дневна температура до 1 степен. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Слаб снег провејува на планинските превои

Слаб снег попладнево провејува на Попова Шапка, Маврово, Крушево и на планинските превои Ѓавато, Плетвар и Пресека.
Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.
Македонија
Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци

Во време кога работниците едвај преживуваат, додека олигархијата и политичките елити беспоштедно ги полнат своите џебови, Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци.
Со оваа мерка, велат од партијата конечно ќе се исправи долгогодишната неправда, со која трошоците за доаѓање на работа им беше наметнат на товар ма работниците.
„Ова законско решение предвидуваме работодавачите да обезбедат превоз или целосно да ги покријат трошоците за патување на работниците, како што, впрочем, е уредено и во други земји. За жал, пратениците кои без срам земаат стотици илјади евра за патни трошоци – не го изгласаа предлот на Левица за ограничување на истите и прекинување на злоупотребите. Сега, очекуваме пратениците коишто беа загрижени за трошоците за доаѓање на работа, да покажат доблест и барем делумно да си ги изедначат правата со македонскиот работник. Ги повикуваме владејачкото мнозинство да престане со својата политичка ароганција, да ги надминат теснопартиските калкулации и конечно да гласаат во интерес на работниците. Одбивањето на овој предлог ќе биде уште еден доказ за нивната себичност и дека владејачката структура е глува за проблемите и апелот на народот, односно одлепена од реалноста“, се вели во соопштението на Левица.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочараa земјоделците и ги оставиja сами

Во изминативе 8 месеци Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочара земјоделците и ги остави сами, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите.
„Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 кг откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка. Покажа како се блокираат законите во собранието а преку измените во овие закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги. Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното. Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат. ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари. Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо. Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството“, се вели во соопштението на СДСМ.