Свет
Продолжува медицинската евакуација од Хаити
Транспортните летови со кои тешко повредените жители на Хаити се префрлаат во САД ќе бидат продолжени денеска, соопшти Белата куќа
Летовите се привремено запрени заради проблеми во логистиката, вклучително и простор за грижа и персонал за повредените, изјави во саботата портпаролот на Белата куќа, Томи Виетор.Во соопштението на Белата куќа објавено попладне во недела, се нагласува дека летовите ќе бидат продолжени во идните 12 часа.Воздушната евакуација беше прекината заради загриженоста за американските капацитети, но надлежните американски институции ја зголемија мрежата на непрофитни и сојузни болници кои ги примаат овие пациенти. Летовите беа прекинати кога во САД се отвори и прашањето кој ќе плати за грижата и лекувањето за пациентите од Хаити. Некои од американските сојузни држави одбија да дозволат влез на хаитските пациенти.CNN пренесе дека во писмото до министерката за здравство Кетлин Себелиус, гувернерот на Флорида, Чарли Крист, побарал сојузната влада да го активира Националниот систем за медицински катастрофи, за да овозможи средства за Флорида и другите држави кој ги примаат пациентите без осигурување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.