Македонија
Кумановци грабнале сограѓанин и барале 300.000 евра да го ослободат
Четворица кумановци грабнале жител на кумановското село Романовце којшто бил на привремена работа во Белгија и барале 300.000 евра за да го ослободат.
Четворица кумановци грабнале жител на кумановското село Романовце којшто бил на привремена работа во Белгија и барале 300.000 евра за да го ослободат.
Пред три дена тие се договориле со девојка која била во групата на грабнувачите, а му била пријателка на грабнатиот, да го намамат преку неа и да го киднапираат. Двајцата се сретнале во близина на Спомен–костурица во Куманово. Штом стигнале, девојката излегла со изговор дека сака да испуши цигара. Во тој момент прстигнале нејзините соработници со маски на главите. Од едната страна му впериле пиштол преку прозорецот, а од другата страна му впериле автоматска пушка и на албански јазик му наредиле да изелзе од возилото.
Го врзале и му ставиле непровидна маска на главата и го удирале со нозе по лицето и телото. Со неговото возило го однеле во куќата на еден од грабнувачите и го натерале да му се јави на неговиот брат да донесе 300.000 евра за да го ослободат.
Грабнувачите му се заканиле на брат му дека ако не најде пари ќе го убијат. Завчера околу 17 часот грабнатиот успеал да избега од куќата и да го пријави случајот во полиција.
„Од страна на полициските службеници веднаш е излезено на лице место и првопријавениот е фатен со автоматска пушка и приведен во СВР Куманово. Подоцна се приведени и останатите осомничени и при извршените претреси во нивните домови пронајден е и одземен и пиштолот употребен при грабнувањето на оштетениот“, велат од МВР.Пријавените се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти и насилниот криминал, како и на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

