Свет
Судска медицина не и дава документи на истражната судијка
Родителите на Наташа која од заталкан куршум загина на новогодишната прослава на плоштадот Македонија во Скопје, вчера сами дојдоа во Судот и побараа да видат до каде е предметот за смртта на нивната ќерка
СЛУЧАЈОТ ЗА СМРТТА НА НАТАША КМЕТОВСКА ПЕТ МЕСЕЦИ ЗАГЛАВИ ВО ИСТРАГА
Родителите на Наташа која од заталкан куршум загина на новогодишната прослава на плоштадот Македонија во Скопје, вчера сами дојдоа во Судот и побараа да видат до каде е предметот за смртта на нивната ќерка
Пет месеци вештачењето од Институтот за судска медицина не е доставено до истражниот судија во Основниот суд 1 во Скопје кој ја води истарагата за смртта на Наташа Кметовска која од заталкан куршум загина на новогодишната прослава на плпштадот Македонија во Скопје. Кметовска три дена по новогодишната ноќ на Клиниката за торакална хирургија починала од огнострелната повреда. Сега во судот во Скопје се води истрага за одговорност на лекарите кои ја лечеле Кметовска.
Родителите на Наташа вчера сами дојдоа во Судот и побараа да видат до каде е предметот за смртта на нивната ќерка. Тие беа примени од Претседателот на судот Добрила Кацарска. Таа во нивно присуствио се јавила на истражната судијка да се информира до каде е истрагата. И било кажано дека судијката чека документ од судска медицина веќе неколку месеци.
Судијката испратила две барања до судска медицина за документот но истиот не бил доставен.
Кацараска ги известила родителите дека проблемот не е во Судот оти се било завршено со истрагата и се чекал само документот од судска медицина.
Според родителите на Кемтовска се работи за документ со кој треба да се каже дали младата Наташа можела да биде спасена.
“Неколку пати сами ја побаравме докторката која ја извршила обдукцијата на нашата ќерка за да ни каже каде се докумантите. Таа не избегнуваше и кога ни закажа термин да се видиме, замина на семинар”, велат родителите.
Тие вчера за да се информираат што се случува, од Судот заминаа во Институтот за судска медицина. Таму на влезната врата го начекаа директорот, проф. д-р Алексеј Дума кој ги прими во ходникот од зградата. По само неколу минуту родителите растревожено излегоа надвор. “Директорот ни кажа дека вакви случаи се воделе и по неколку години, па не требало толку да се бразаме. Тој ни вети дека документите до крајот на седмицава ќе бидат потпишани и од понеделник ќе бидат пратени во судот. Ни се пожали дека судот не им плаќал редовно па затоа и некои документи не биле доставувани”, изјавија родителите на Кметовска.
Истаргата за смртта на Наташа Кметовска се води против тројца лекари. Обвинителството од истражната судијка побара да се спроведе истрага против нив за кривично дело: тешки дела против здравјето на луѓето, односно несовесно лекување. Во списите пишува дека тие неодговорно ја лекувале Кметовска иако знаеле за тешките последици кои можат да настапат. Не ја утврдиле локацијата на зрното во телото на девојката и ништо не сториле за да го отстранат проектилот.
Истражната судијка ја исклучи јавноста што спред членот 177 од законот за кривична постапка има право, но во случајов тоа е направено без образложение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

