Свет
Советот за безбедност воведе санкции за Еритреја
Советот за безбедност при Обедиентите нации во среда попладне воведе изгласа санкции за Еритреја поради помошта што ваа африканска држава и’ ја дава на исламистичките бунтовници во Сомалија
Со резолуцијата која доби поддршка од 13 членки од вкупно 15-те на Советот за безбедност, се воведува ембарго врз трговијата со оружје, се замрзнуваат средства и им се забрануваат патувања во странство на поединци и одредени еритрејски фирми, пренесе Reuters. Нивните имиња дополнително ќе ги одреди посебна комисија за спроведување на санкциите, соопштија вечерва од ОН.Меѓу опфатените со овие мерки ќе биде политичкото раководство на државата, дознава агенцијата. Против гласале Либија, која нема право на вето а воздржана била Кина која не го употребила своето право на вето на одлуките на Советот за безбедност.Насилствата во Сомалија растат пред планираната владина офанзива за разбивање на исламистичките бунтовници.Во понеделникот во две одделни експлозии на бомби, во престолнината Могадишу беа убиени осуммина Сомалијци. Едната потекнуваше од експлозивни направи поставени на патот најверојатно наменети за возило на владин службеник, кој во моментот на експлозијата не бил во автомобилот. Сепак, експлозијата што се случила во јужниот дел на Могадишу, го усмртила возачот на службеното возило и четири цивили кои во моментот се наоѓале во близина.На северот на градот беше нападната редакцијата на радио станицата Глас на Демократијата, и како што соопшти за новинските агенции Абшир Абди Ахмет, новинар кој работел во тој моменет во радиото, загинале сопругата на директорот на радиото и двајца цивили. Во бомбардирањето биле повредени уште 17 луѓе.Порано во ноември, исламистите во Сомалија пред публика од неколку стотини лица запалиле и до смрт каменувале млада жена обвинета за прељуба.Тоа беше втор случај на смртна казна што во истиот месец штоја а донесла исламистичката група Ал Шабаб, која зазема поголема територија на југот од Сомалија во која ги спроведува строгите шеријатски закони.Во јуни сомалиската влада прогласи вонредна состојба а претседателот на парламентот побара тогаш во драматичен апел побара помош од соседните држави за 24 часа да испратат воена помош за владата за да ги реши судирите во главниот град Могадишу. Тогаш беа убиени двајца сомaлиски пратеници, откако летово се заострија судирите меѓу владините сили и радикалните исламисти кои сакаат да ја урнат владата.Бунтовниците од организацијата Ал Шабаба уште во мај трганаа во офанзива против властите во Сомалија, кога го убија и министерот за безбедност и други 300 лица при еден самоубиствен напад.Тогаш се огласи етиопскиот министер за комуникации Беркет Симон кој рече дека Етипија нема да се вмеша во ситуацијата во Сомалија на страната на тамошната преодна влада без одлука на меѓународната заедница. Но тој побара нејзина итна интервенција.Во 2006 и 2007 г. Етиопија интервенираше во Сомалија за да ја поддржи преодната влада и ги симна од власт исламистите во Могадишу, со мандат на Меѓународната управа за развој (IGAD) која ја сочинуваат шест северноафрикански држави и со поддршка на Африканската унија.Исламистичките бунтовници ова лето ја засилија офанзивата против владата на претседателот шеикот Шариф Ахмер, кој е умерен исламист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му се закани на колумбискиот претседател, Петро возвраќа: „Тој е дезинформиран“
Колумбискиот претседател Густаво Петро го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „многу погрешно информиран“ по вчерашната остра закана на Трамп, велејќи му „подобро да се вразуми или тој ќе биде следниот“ во војната на Вашингтон против нарко-картелите. Тензиите меѓу двете земји достигнаа ново ниво откако Трамп рече дека Колумбија „произведува многу дрога“, што предизвика брза и широка реакција од колумбискиот лидер, објавува Newsweek.
Обраќајќи се на новинарите вчера, американскиот претседател Доналд Трамп не штедеше зборови. Опишувајќи го Петро како „прилично непријателски настроен кон Соединетите Држави“, тој се закани дека колумбискиот лидер ќе се соочи со „големи проблеми ако не се вразуми“.
„Колумбија произведува многу дрога. Имаат фабрики за кокаин. Тие произведуваат кокаин, како што знаете, и го продаваат директно на Соединетите Американски Држави. Затоа, подобро да се вразуми, или ќе биде следниот. Тој ќе биде следниот“, рече Трамп.
Во долга изјава објавена на социјалните мрежи, Густаво Петро ги отфрли обвинувањата на Трамп и го критикуваше неговиот пристап кон борбата против трговијата со дрога.
„Трамп е многу погрешно информиран човек кога станува збор за Колумбија. Штета, бидејќи ја отфрла земјата што најмногу знае за трговијата со кокаин“, напиша Петро. „Се чини дека е целосно заведен од неговите соговорници.“
Петро ги истакна напорите на неговата влада, велејќи дека заплениле 2.700 тони кокаин, што го опиша како „најголемата заплена во светската историја“ и резултат многу поефикасен од она што го постигна претходната администрација.
По критиките на Петро, Белата куќа издаде подеднакво остра изјава за Newsweek.
„Како што изјави претседателот Трамп, колумбискиот претседател Густаво Петро е нелегален нарко-бос кој силно го поттикнува масовното производство на дрога, и покрај големите плаќања и субвенции од Соединетите Американски Држави што претставуваат ништо повеќе од долгорочен грабеж на Америка“, се вели во соопштението.
фото/депозитфотос
Свет
Германските разузнавачи истражуваа мистериозни дронови, трагите ги доведоа до три брода
Речиси 2.000 неидентификувани дронови се забележани над Германија од почетокот на годината, според безбедносните извештаи што ги виделе Die Welt, Bild и Axel Springer Academy. Во заедничка истрага, овие медиуми воспоставија шема што поврзува голем број дронови со движењето на три брода поврзани со Русија, кои дејствуваат во Балтичкото и Северното Море.
Германските власти документираа 1.072 инциденти во кои беа вклучени 1.955 непознати дронови. Најчесто, тие летаа над воени локации на Бундесверот, полигони за обука на НАТО и критични инфраструктурни објекти. Анализата на податоците за поморскиот сообраќај покажа дека мал број бродови биле во непосредна близина на снимените летови и во истите часови кога биле пријавени инцидентите.
Еден пример се седумте дронови забележани на 16 мај во близина на товарниот брод Лауга, кој плови под руско знаме и е со екипаж целосно составен од руски државјани.
Кога бродот подоцна вплови во Белгија, властите го пребараа, но не пронајдоа ништо. Пред да влезе во германските води, Лауга се закотви во сириското пристаниште Тартус, каде што се наоѓа руската воена база, а потоа во Санкт Петербург, на терминал поврзан со државната нуклеарна корпорација Росат.
Според истрагата, Росатом поседува дронови со дострел до 200 километри, опремени со видео и термални камери. Тие официјално се користат за следење на операциите во Арктикот.
Другите два брода споменати во извештајот – HAV Snapper и HAV Dolphin – формално се во сопственост на норвешка компанија, но и двата биле сервисирани неколку пати во бродоградилиштето Прегоља во Калининград, Русија, а екипажот на бродот HAV Dolphin е составен исклучиво од руски државјани.
Големи групи беспилотни летала се забележани над Килскиот Залив во југозападниот дел на Балтикот, точно во времето кога споменатите бродови се движеле во таа област.
Безбедносните агенции чии документи ги користеа медиумите велат дека е малку веројатно дека беспилотните летала биле управувани од приватни лица: „Одредени околности укажуваат на софистицирана операција што бара значителни финансиски и логистички ресурси“.
Во повеќето случаи, операторите на беспилотни летала не се идентификувани. Европските разузнавачки претставници им потврдија на новинарите дека веруваат дека HAV Snapper и HAV Dolphin „многу веројатно работат во интерес на Русија“.
Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека има „причина да се верува дека странски државни актери биле вклучени во некои од летовите на беспилотните летала“.
Неидентификувани беспилотни летала се забележани и постојано над воените инсталации и критичната инфраструктура во други европски земји, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Белгија и Холандија.
Свет
Зеленски: Секој компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес нагласи дека секој компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата на нејзините источни региони мора да биде фер и потврден на избори или референдум.
„Верувам дека украинскиот народ ќе го даде одговорот на тоа прашање. Без разлика дали преку избори или референдум, тоа мора да биде став што доаѓа од украинскиот народ“, изјави Зеленски пред новинарите кога беше прашан за постигнување договор со Москва.
Украинскиот претседател потврди дека САД му предложиле на Киев да се повлече од територијата што сè уште ја контролира во регионот Донецк и да создаде слободна економска и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили.
Зеленски рече дека американската страна сè уште не знае кој ќе управува со демилитаризираната зона.
Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руските трупи од украинските региони Суми, Харков и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.
фото/депозитфотос

