Свет
Британска министерка, муслиманка, предупредува на исламофобија

Саједа Варси, првата британска министерка, муслиманка која е член на владата, предупреди дека предрасудите кон нејзината вера станале општествено прифатливи во Велика Британија. Во говорот кој би требало да се одржи денеска, а чии делови веќе се објавени во медиумите, министерката без ресор Саједа Варси укажува дека Британија станува се понетолерантно општество, пренесува Бета.Според зборовите на Варси, предрасудите кон исламот „го поминале тестот на кујнската маса“ и многу од Британците ги прифатиле.Мохамед Шафик, претставникот на младинското движење Фондација Рамадан, се согласува со оценката на Саједа Варса и додава дека станало нормално „да се напаѓа муслиманската вера и да се смета за одговорна за сите зла низ светот“.Варси и претходно ги критикуваше оние делови од британското општество кои ги демонизираат сите муслимани како одговор на заканите кои доаѓаат од малиот број исламски екстремисти./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско кој беше хоспитализиран поради пневмонија, во писмо повика на прекин на војните и дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“, папата рече дека неговата долга болест му помогнала да стане уште појасна „апсурдноста на војната“ и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите, велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април, и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува Танјуг.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп-Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека „многу елементи“ од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој, додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.