Контакт

Свет

Берлускони – Италијанците ме сакаат ваков каков што сум

Објавено пред

Италијанците ме сакаат ваков каков што сум:великодушен, чесен, предан и доверлив.И затоа немам намера да се менувам, изјави италијанскиот премиер

dobivaj vesti na viber

Италијанците ме сакаат ваков каков што сум:великодушен, чесен, предан и доверлив.И затоа немам намера да се менувам, изјави италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

Тој, во вчерашното обраќање до медиумите, призна дека можеби повикал еден или повеќе „погрешни“ гости, но смета дека не направил ништо неморално.

Во меѓувреме, четири членки на италијанската Академија повикаа на бојкот на идната средба на врвот Г8, која од 8. до 10. јули ќе се одржи во Аквила, градот што пред извесно време беше погоден од катастрофален земјотрес.

Тие ги повикаа тоа да го направат и првите дами на седумте индустриски најразвиени земји на светот и Русија и да не допатуваат во Италија.

Берлускони овој предлог на членките на Академијата го прокоментира на свој начин.

„Но што ќе правиме без жени? Па не сме хомосексуалци? Следниот пат со себе ќе понесам неколку забавувачки – полнолетни, нормално“, рече Берлускони. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Сондата на НАСА сè уште работи по најблиското приближување до Сонцето

Објавено пред

НАСА денеска објави дека нејзината соларна сонда Паркер е безбедна и работи нормално, откако успешно го заврши најблиското приближување до Сонцето во историјата од вештачки објект.

dobivaj vesti na viber

Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Патувајќи со брзина до 692.000 километри на час, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.

„Оваа студија одблиску на Сонцето и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева на милиони степени, потеклото на сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.

Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè поблиски орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера за време на нејзиното прелетување на таа планета.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Објавено пред

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези до летачки борбени беспилотни летала. Ги искористиле за напад на руските позиции во регионот Харков во северна Украина и победиле.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено на мал дел од фронтот“, објасни портпаролот на 13-та бригада на националната гарда.

Тоа беше импресивен технолошки подвиг, но и загрижувачки знак на слабост на украинските сили. Имено, беспилотните копнени возила се многу ограничени и се уште не можат целосно да ја заменат пешадијата, пишува Форбс.

Фактот дека 13-та бригада на националната гарда требаше да го замени целиот свој персонал во копнениот напад доволно зборува за тоа колку малку луѓе има бригадата во споредба со руските единици со кои се бори. 13-та бригада на националната гарда ја брани линијата на фронтот долга осум километри околу градот Хлибока, јужно од украинско-руската граница. Тие се обидуваат да спречат барем четири руски полкови да напредуваат.

Тоа се околу 2.000 Украинци наспроти околу 6.000 Руси. Односот е приближно ист по целата линија на фронтот, долга околу 1.300 километри.

Украинската операција вклучуваше далечински пилотирани дронови за извидување и поставување мини, таканаречени самоубиствени експлозивни роботи на земја и во воздух, како и вооружени копнени роботи.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Затворени два аеродроми во Русија

Објавено пред

За да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово беа воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казан, соопшти руската авијациска агенција Росавијација.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено не прифаќаат ниту испраќаат летови, пренесе РИА Новости.

Причините за овие ограничувања не се наведени.

Ограничувањата за користење на воздушниот простор претходно беа воведени на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, објавија прес-службите на овие аеродроми, соопшти агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет2 часа

Зеленски: На Украина и’ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет2 часа

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет3 часа

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет3 часа

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...

Македонија17 часа

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија18 часа

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија18 часа

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија20 часа

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...

Македонија20 часа

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне...

Македонија20 часа

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...

Македонија21 час

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет23 часа

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија24 часа

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет1 ден

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет1 ден

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија1 ден

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа1 ден

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од...

Свет1 ден

(Видео) Патникот што ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија2 дена

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...