Свет
За санација на нуклеарката „Фукушима 1“ потребни се 40 години

Јапонската влада во средата го објави новиот временски план за санација на нуклеарната централа „Фукушима 1“ којашто доживеа хаварија во катастрофалниот земјотрес од март годинава, со кој се предвидува дека нејзиното уривање ќе се одвива во следните 40 години
Јапонската влада во средата го објави новиот временски план за санација на нуклеарната централа „Фукушима 1“ којашто доживеа хаварија во катастрофалниот земјотрес од март годинава, со кој се предвидува дека нејзиното уривање ќе се одвива во следните 40 години, имајќи ја предвид многу лошата состојба во која се наоѓа нуклеарката и новата технологија неопходна за овој потфат.Како што пренесува јапонската агенција Kyodo на прес-конференцијата во Токио, министерот за околина Гоши Хосоно, во средата соопштил дека работите на целосното санирање на нуклеарката „Фукушима 1 Диаичи“ ќе се одвива во неколку фази. Вадењето на искористеното нуклеарно гориво од деактивизациските базени би требало да почне по околу две години и ќе се одвива во следните неколку години, а истовремено ќе се зајакнуваат системите за ладење на реакторите и базените, како и на другите постројки. Вадењето на истопеното гориво од реакторите 1,2 и 3 ќе почне по десет години и ќе трае повеќе од дваесет години. Министерот Хосоно истакнал дека и во двата случаи неопходна е примената на нова технологија, имајќи предвид дека експертите првпат се среќаваат со ваков случај – оштетени објекти, зголемено ниво на радијација а горивото во целост или делумно е паднато под бетонскиот слој во трите од вкупно шесте реактор. Целосната санација на нуклеарката којашто беше тешко оштетена од земјотресот од 11-ти март со магнитуда од 9 степени според Рихтер и гигантското цунами што следеше со бранови повисоки од 40 метри, според предвидувањето на јапонските власти, ќе биде завршена дури за 40 години.Минатиот петок владата во Токио одлучи да ги стави во ткн ладен погон оштетените реактори на нуклеарката, што претставува важна фаза во стабилизацијата на „Фукушима 1“ и ги најавува подготовките за почнувањето на нејзиното уривање.Додека нуклеарната етапно ќе се урива, властите ќе мора да се погрижат и за контаминираната околина и за раселеното население./крај/ки/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.