Свет
Швајцарски дипломати ги бараат од Иран исчезнатите американски туристи
Швајцарски допломати се во мисија да добијат информации што се случило со тројцата американски туристи зкои исчезнаа на границата мешу Ирак и Иран, а иранските медиуми објавија дека се уапсени
Амбасадата на Швајцарија во Техеран се обидува да добие инфроамции за судбината на Американците преку свои канали во иранското министерство за надворешни работи, изјавила претсавничката на амабсадат, Надин Оливиери. Иранските државна телевизија во саботата објави дека Американците биле задржани од полицијата откако тие ја минале границата од правец на северн Ирак. Инаку Швајцарија ги застапува интересите на САД во Иран, откако пред 30 години американски дипломати беа земени како заложници и се прекинати американските дипломатски мисии цо ваа држава. Оливиери на прес-коференција рекла дека швајцарските дипломати побарале конзулски пристап, доколку е потврдено дека американските граѓани се наоѓаат во Иран.Стејт-депарментот и известуван за напорите на швајцарската амбасада, потврдил портпаролот Роберт Вуд. Иранската државана телевизија Ал Алам која емитува програма на арапски јазик, информираше дека „од добро информирани зиввор“ дознава дека тројцата Американци биле уапсени уште во петокот. Американците биле во Турција, а во вторникот влегле во Ирак и се упатиле кон Силаиманија, каде живвее шретежно курдско население. Еден од исчезнатите американски државјани е идентификуван како Исус Фаттал, соопштиле курдските локални власти во градот Арбила, главниот град на најголемата ирака автономна област Курдиш. Во четврток тројцата туристи се упатилел во туристичкиата област Ахмен Ава, познат по слаповите, 150 километри источно од Сулаиманија во близина на иранската граница. Четвртиот турист, идентигикуван како Шон Мекфессел останал во градот, бидејќи се разболелбидејќи се разболел. Полицијата претпоставува дека туристите се збуниле и минале на иранска територија. „Му се јавиле на својот пријател кој останал во Сулаиманија и му рекле дека се во неволја и дека ги задржале војници кои не зборувале ниту арапски, ниту курдски.“, изјавил ирачки полициски началник, објаснувајќи дека еден од туристите го зборувал арапскиот јазик.Полицијата од северниот дел од Ирак го потврдила исчезнувањето и додала дека туристите последниот пат биле видени во четвртокот пред полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.
Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.
Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, PG&E), соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.
Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.
Свет
Зеленски бара уште една средба со европските сојузници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.
Тој обвини дека Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.
Свет
По повеќе од 400 години данската пошта прекинува со достава на писма
Данската пошта денеска соопшти дека на 30 декември ќе ја изврши последната достава на писма, со што се завршува традицијата долга повеќе од 400 години, која датира уште од 1624 година.
Причината за потегот е тоа што во текот на последните 25 години испраќањето писма драстично опадна – за повеќе од 90 отсто.
„PostNord“, компанијата која настана со спојување на шведската и данската пошта во 2009 година, претходно соопшти дека ќе укине 1.500 работни места во Данска и ќе отстрани 1.500 поштенски сандачиња, со оглед на тоа што побарувачката за писма драстично опадна, додека онлајн купувањето продолжува да расте. Оваа компанија, која и понатаму ќе доставува писма во Шведска, нагласи дека во Данска на нејзино место доставата ќе ја преземе компанијата „Dao“, која веќе врши достава на писма и која планира да ги прошири своите услуги од 1 јануари.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека меѓу младите доаѓа до повторен пораст на пишувањето писма. Истражувањето на „Dao“ покажа дека лицата на возраст меѓу 18 и 34 години испраќаат два до трипати повеќе писма отколку другите возрасни групи, а истражувачот на трендови Мадс Арлиен-Соборг верува дека младите се свртуваат кон пишувањето писма како „противтежа на дигиталната преоптовареност“.
Според данскиот закон, мора да постои можност за испраќање писма, што значи дека доколку „Dao“ одлучи да ја прекине доставата, владата би била обврзана да именува друга компанија за таа задача.
Законот за дигитален идентитет, „MitID“, се користи за сè – од онлајн банкарство до закажување прегледи кај доктор, а поголемиот дел од официјалните комуникации се испраќаат преку дигитална пошта наместо со обична пошта.
Денес 97 отсто од данската популација постара од 15 години е регистрирана во „MitID“, додека само пет отсто одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.
– Бевме данска пошта 400 години и затоа ова е тешка одлука, но Данска стана сè подигитална, што значи дека денес речиси и да нема писма. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, изјави заменикот извршен директор на „ПостНорд Данска“, Ким Петерсен.

