Свет
Американците сметаат дека не вреди војната во Авганистан

Повеќето Американци сметале дека не вреди да се води војна во Авганистан, според вчерашната анкета објавена од американските медиуми
Анкетата што ја спровеле ABC News и Washington Post, вели дека 51 процент од анкетираните сметале дека дека војната не вреди да се води, додека 47 проценти се изјасниле дека вреди.Само четвртина од анкетираните сакале да се испратат повеќе амерички трупи во Авганистан, додека повеќе од половина би сакале да го видат намален бројот на испратените трупи. Пред три години, САД имале 20.000 војници во Авганистан. Се очекувало бројката на војници до крајов на годинава да достигне 68.000.Мислењата дека денешните избори во Авганистан ќе донесат ефективна власт се движеле во однос 2 напрема 1 за оние кои се сомневале во тоа.Шестмина од десет претставници на американската јавност го поддржувале тоа како се справува претседателот Барак Обама со војната отколку самата војна. Овие податоци биле слични со оние од минатомесечната анкета на Associated Press која соопшти дека 55 проценти од јавноста го поддржува Обама во справувањето со војната во Авганистан.Понатаму во акетата се вели дека шест од десет анкетирани, имале доверба во способноста на САД да се избори со талибаните и да донесе ефективен економски развој. Но, околу прашањето дали САД ќе ја извојува победата во Авганистан, меѓу анкетираните имало голеа поделба во ставовите. Така, 42 проценти мислеле дека ќе победи, а 36 проценти дека САД ќе изгуби, додека останатите биле неодредени.Анкетата на ABC News и Washington Post била направена помеѓу 1.001 Американец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стејт департмент: Претседателот е задоволен од прекинот на огнот

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен од прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.
„Мислам дека кога ќе се погледне начинот на кој се одвиваше денот, имаше одредена активност од двете страни, но тоа сега престана и прекинот на огнот е на сила“, рече таа.
„Претседателот е задоволен. Затоа мислам дека можеме да го земеме тоа како показател за неговите чувства во овој момент“, додаде Брус.
Свет
Нетанјаху: Постигнавме историска победа

Постигнавме историска победа, објави во видео порака, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека победата ќе се памети со генерации, додавајќи дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од Доналд Трамп.
„Елиминиравме две непосредни егзистенцијални закани – нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Доколку не дејствувавме, наскоро ќе се соочевме со опасноста од уништување“, додаде тој.
Свртувајќи го своето внимание кон „иранската оска“, тој рече дека Израел „мора да ја заврши кампањата“.
„Тоа значи поразување на Хамас и враќање дома на сите израелски заложници што остануваат во Газа, мртви или живи“, рече тој.
Свет
Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не сака да се здобие со нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачката маса, објави новинската агенција ИРНА.
„Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на прекинот на огнот и крајот на таа 12-дневна војна наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, напиша Песекијан.
Тој повтори дека неговата земја не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, но дека ќе продолжи да го брани своето легитимно право да развива цивилна нуклеарна програма.
Во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед бин Зајед, Песекијан рече дека „со оглед на нивните односи со САД, тој очекува ОАЕ да им објасни дека Иран сака само да ги оствари своите легитимни права“, додаде ИРНА.
Израел го нападна Иран на 13 јуни, обвинувајќи го теократскиот исламистички режим дека се обидува да се здобие со атомско оружје, уништувајќи стотици воени и нуклеарни објекти. Исламската Република одговори со лансирање стотици ракети и беспилотни летала кон Израел.
Во неделата, САД извршија невидени напади врз три ирански нуклеарни објекти. Двете страни остануваат длабоко поделени околу прашањето за збогатување на ураниум. Иран тврди дека тоа е право за кое не може да се преговара, додека Вашингтон го смета за „црвена линија“. Иран вчера испука ракети врз американската воена база во Катар.