Македонија
Пронајдени лицата што ја ограбија старицата во Битола
Битолската полиција ги фати разбојниците кои на 8. февруари го извршиле грабежот во станот на 80. годишната битолчанка, од каде украле пари и златни предмети во вредност од околу 6.000.000 денари.
Битолската полиција ги фати разбојниците кои на 8. февруари го извршиле грабежот во станот на 80. годишната битолчанка, од каде украле пари и златни предмети во вредност од околу 6.000.000 денари.СВР Битола ги приведе 59. годишниот С.Д. викан “Даскалот“ и “Чупе“ и 42. годишниот А.Н. од Албанија со место на живеење во Битола, инаку двајцата познати извршители на кривични дела. Против двајцата, како и против уште едно непознато лице, чиј што идентитет е сè уште неутврден, полицијата поднесе соодветни кривични пријави. При претресот на домовите на двајцата приведени биле пронајдени 20 мобилни телефони, македонска и бугарска патна исправа, две бугарски сообраќајни дозволи, три зелени картони, 1.500 евра и 9.450 денари. Извршен е и претрес и во сефот во Комерцијална банка филијала Битола, закупен од страна на С.Д., но сефот бил празен.Инаку старицата го препознала С.Д., кому полицијата му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

