Свет
Одбраната на Ходорковски и Лебедев ја обжали пресудата
Одбраната на поранешниот прв човек на рускиот нафтен гигант „Јукос“ Михаил Ходорковски и поранешниот директор на компанијата „Менатеп“ Платон Лебедев, поднесе жалба против пресудата со која двајцата вчера беа осудени на 14 години затвор за кражба на нафта и перење пари. Жалбата до Руската агенција за правни судски информации (РАПСИ) утринава ја поднела адвокатката на Михаил Ходорковски, Карина Москаленко. Така, според рускиот правосуден систем, пресудата што ја изрече Хамовническиот суд на Москва не може да стане правосилна. Москаленко појаснила дека во судот е подадена куса верзија на жалбата, бидејќи одбраната сакала да се задржи во рамките на определените десет дена од законот за жалба.„Во кусата жалба ние го изразивме несогласувањето со пресудата со којашто клиентите се прогласени за виновни и бараме од Градскиот суд на Москва да се запре кривичниот случај против Ходорковски и Лебедев. Целосната жалба, со сите наши аргументи и образложенија за укинување на пресудата, ќе ја вложиме кога ќе ја добиеме копијата од пресудата, како и записниците од судските рочишта, како и повеќе документи коишто треба да ги обезбедиме“, додала адвокатката Москаленко.Хамовничкиот суд во Москва вчера го осуди поранешниот прв човек на нафтената индустрија „Јукос“, Михаил Ходорковски и неговиот деловен партнер тогашен раководител на компанијата „Менатеп“, Платон Лебедев на казна од 14 години во казнена колонија за кражба на нафта и прикривање на приходите. По првото дело во 2004 г. тие беа осудени на осум години затвор. Сега, Ходорковски и Лебедев ќе може на слобода да излезат најрано во 2017 година.Оваа пресуда на московскиот обласен суд укажува на политички мотивирани судски процеси во Русија и на сериозни проблеми во рускиот правосуден систем, се вели во соопштението на меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч.Синоќа по изрекувањето на пресудата остри осуди до властите во Москва изразија и лидерите на голем број, пред се, западни земји, како САД, ЕУ, Германија, Велика Британија. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

