Македонија
ЗНМ бара измени во Правилникот на СРД
Здружението на новинари на Македонија реагира на Правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред изборната кампања предложен од Советот за радиодифузија.
Здружението на новинари на Македонија реагира на Правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред изборната кампања предложен од Советот за радиодифузија. Од Здружението сметаат дека се прави обид да се влијае на начинот на кој новинарите ги подготвуваат нивните прилози и кои соговорници можат да учествуваат во дебатни емисии за изборите.
„Бараме од Советот за радиодифузија да отпадне ставот два од членот 13, кој на новинарите им забранува да користат тонски парчиња кога известуваат за редовните активности на јавните функционери. Сметаме дека ставот еден од истиот член јасно пропишува дека известувањето за активностите на јавните функционери пред започнување на изборната кампања не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување и тоа според нас е доволно“, се наведува во реакцијата на ЗНМ.
Со ставот два на членот 13, според ЗНМ, Советот недозволиво навлегува во начинот на работењето на новинарите и на начинот како тие ги изготвуваат прилозите,што за новинарското здружение е апсолутно неприфатливо.
„Освен тоа прилозите на електронските медиуми без тонски парчиња се незамисливи“, се додава во реакцијата.
ЗНМ исто така бара и да се преформулира членот 15 од Правилникот, со кој во посебни информативни емисии на темата за избори смеат да учествуваат независни експерти, но не и претставници на политичките партии.
„Ние сметаме дека медиумите во овие информативни емисии можат да ја третираат темата за изборите без да се ограничи изборот на соговорници. Доволно ќе биде да стои опомена дека тие емисии не смеат да бидат во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект“, бараат од ЗНМ./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Македонија
Хуманитарен настан за одбележување на 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина.
Националната мрежа која во себе брои 25 организации членки, го одбележува јубилејот 15 години од своето основање и активна работа на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство вклучително и семејно насилство, фемицид како и застапување на интересите на жртвите.
Донација кон Интервентниот женски фонд може да остварите преку купување на билет ТУКА.
Македонија
ЦГК истражување: Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година.
Според нивното истражување:
» Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи.
» Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62 % во 2015 на 49 % во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата.
» Две компании – „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“, во последната деценија ја зацврстиле својата доминација во јавните набавки во здравството и сега контролираат една четвртина од вкупната вредност на тендерите во овој сектор. Нивниот удел се зголемува на третина, ако се анализираат само набавките на лекови, медицински потрошен материјал и опрема.
» Повеќе од половина од набавките во здравството во изминатата декада им припаднала само на 10 фирми кои добиле тендери во вкупна вредност од над 1 милијарда евра.
» Низ годините расте вредноста на тендерите што најголемите десет добавувачи во здравството ги добиваат во постапки во кои биле единствени понудувачи и немале конкуренција. Просечно гледано, ако пред 5 години најголемите фармацевтски компании немале конкуренција во третина од вредност на договорите (33 %), сега ја немаат во повеќе од половина од склучените договори (55 %).
» Отсуството на конкуренција го концентрира богатството и влијанието меѓу мала група доминантни играчи и доведува до зголемени цени, намален квалитет на здравствените услуги за пациентите и намалена разновидност на лекови.
» Гледано по програми, во набавката на лекови и на потрошен материјал за третирање дијабетес доминира компанијата „Феникс Фарма“, во програмата за имунизација на населението „Алкалоид Конс“, а во програмата за ретки болести „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“. Во тендерите за набавка на реагенси и тестови, пак, доминираат „Авицена“ и „Биотек“.

