Свет
Безбедносните сили во Јемен стрелаат во воздух за да спречат судири
Јеменските војници со предупредувачки истрели во воздух се обидуваат да спречат судир на противниците и поддржувачите на претседателот Али Абдула Салех во јеменскиот главен град Сана, јавува АФП (Agence France-Presse).
Јеменските војници со предупредувачки истрели во воздух се обидуваат да спречат судир на противниците и поддржувачите на претседателот Али Абдула Салех во јеменскиот главен град Сана, јавува АФП (Agence France-Presse).Јеменскиот претседател Али Абдула Салех обраќајќи им се на своите поддржувачи рече дека ќе ја продолжи неговата борба со опозицијата и истовремено на своите противници им предложи дијалог. Салех порача дека ќе поднесе оставка, но само доколку власта може да ја пренесе „во добри раце“. Во Јемен од почетокот во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех. Тој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г., а по повторното обединување на Северен и Јужен во 1990 г., застана на чело на формираната унитарна Република Јемен.Претседателот Салех на 18-ти март да објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Во средата таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град Сана, при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ја негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Претходно, претседателот Салех изјави дека тој нема да бара проширување на неговите овластувања и продолжување на мандатот кој истекува во 2013 г., како и дека нема да ја пренесе власта на својот син. Потоа, барајќи намалување на тензиите во земјата, Салех вети дека годинава ќе го даде на референдум нацртот за новиот устав кој ќе претставува транзиција кон парламентарна форма на управување со државата како што бара опозицијата. Сепак, опозицијата ги отфрли овие иницијативи на Салех сметајќи дека за тоа е премногу доцна. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

