Црна хроника
Експлодирала рачна бомба во Маџари, оштетeни куќа и автомобил

Рачна бомба експлодирала ноќеска, петнаесет минути по полноќ во скопската населба Маџари на улица „Анри Барбис“.
Од експлозијата нема повредени, а оштетени се прозорци од една куќа и еден автомобил „хјундаи атос“.
За настанот бил известен Одделот за антитероризам, кој вршел увид до 03.20 часот. Било утврдено дека станува збор за рачна бомба, но се уште не е познато од кој вид.
Од местото на настанот бил подигнат предметен материјал кој е доставен на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца мажи од Гевгелија пронајдени починати во своите домови

Вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Истиот ден во ОВР Гевгелија во 16:35 часот било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.