Свет
Гадафи бил застрелан од 18-годишен бунтовник
Претставник на опозициската партија на режимот на Гадафи „Национален фронт за спас на Либија“, изјави дека според непотврдени извештаи, поранешниот лидер на Либија, бил застрелан од 18-годишен борец, се наведува на блогот на британскиот радиодифузер BBC.
Претставник на опозициската партија на режимот на Гадафи „Национален фронт за спас на Либија“, изјави дека според непотврдени извештаи, поранешниот лидер на Либија, бил застрелан од 18-годишен борец, се наведува на блогот на британскиот радиодифузер BBC.„Малдиот човек кој го уби Гадафи – е 18-годишниот Ахмед Шаибани“, пишува на својата страница на микроблогот Твитер, Мохамед Али Абдула , член на партијата „Национален фронт за спас на Либија“ .Во четвртокот, Гадафи налетал на заседа во близина на неговиот роден град Сирт и беше уапсен од страна на војниците на Националниот преоден совет (NTC) кој сега дефакто претставува власт во земјата. Набрзо потоа беше соопштено дека тој починал од здобиените раните во битката.Во четвртокот попладне, исто така, претставници на Националниот преоден совет соопштија дека во Сирт е пронајден мртов синот на Моамер ел-Гадафи, Муатасем, што го потврди командантот на силите на Советот, Мохамед Леит. Претходно беше соопштено дека Муатасем, бил заробен во Сирт. Претставниците на Советот соопштија дека телото на Гадафи од безбедносни причини било пренесено во Мисрата, каде што се пренесени и телата на неговиот син Муатасем и на неговиот министер за добрана Абу Бакр Јунис.Детали за смртта и загинувањето на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, раководството на Преодниот совет најави за петок./крај/ббц/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина
Европскиот парламент денеска го одобри пакетот финансиска помош за Украина во висина од 90 милијарди евра, наменет за поддршка на јавните служби и одбранбените капацитети на земјата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави брзото гласање и порача: „Храброста на Украина е непоколеблива. Како и решителноста на Европа да биде на нејзина страна. Денес и утре!“
Средствата ќе се распределуваат преку два главни механизми: 30 милијарди евра: како макроекономска поддршка (макрофинансиска помош или преку инструментот „За Украина“); 60 милијарди евра: за јакнење на украинската одбранбена индустрија и набавка на воена опрема, вклучително и од ЕУ-производители.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го нарече гласањето „витален спас за Украина“, нагласувајќи дека средствата ќе обезбедат континуитет на јавните служби и ќе ја зајакнат одбраната.
Пакетот сè уште треба формално да го одобри Советот на ЕУ, по што Европската комисија ќе може да ја исплати првата транша, очекувано во вториот квартал од 2026.
Претходно, ЕУ-членките се согласија дека во 2026 и 2027 Украина ќе се финансира преку задолжување на пазарите на капитал, бидејќи не беше постигнат консензус за користење на замрзнатиот руски имот.
Свет
Студент на факултет во Русија уби обезбедувач и рани тројца
Едно лице е убиено, а три се повредени во пукање во технички колеџ во рускиот град Анапа, во Краснодарскиот крај, соопштија властите.
Гувернерот на Краснодарскиот крај, Венијамин Кондратјев, на Телеграм наведе дека обезбедувачот бил убиен додека се обидувал да го запре напаѓачот.
„Засега имаме една жртва, обезбедувачот кој прв го примил ударот. Реагирал брзо и ја повикал полицијата. Го спречил напаѓачот да продре понатаму во техничкиот колеџ“, изјави Кондратјев.
Регионалната канцеларија на руското Министерство за внатрешни работи за Краснодарскиот крај соопшти дека студент отворил оган во холот на образовната установа, при што три лица се повредени.
Напаѓачот бил уапсен од полицијата, се додава во соопштението.
Околностите на нападот засега не се познати, а истрагата е во тек.
Свет
„Човек никогаш не мисли дека вакво нешто може да се случи“ – шок во малата канадска заедница по масовното пукање во училиштето
Алармот во средното училиште „Тамблер Риџ“ се огласил кратко откако Дариан Квист пристигнал на настава. Кога станало јасно дека не станува збор за вежба, матурантот и неговите соученици брзо реагирале.
„Ги зедовме масите и ги забарикадиравме вратите“, изјавил тој за „Си-би-си Радио Вест“, пишува „Си-ен-ен“.
Квист опишал дека тој и останатите ученици поминале околу два часа забарикадирани во училницата. Атмосферата станала уште понапрегната кога некои почнале да споделуваат „вознемирувачки“ фотографии кои, според неговите зборови, прикажувале „што навистина се случува“ во останатиот дел од училиштето, вклучувајќи сцени со крв. Ситуацијата се смирила дури по пристигнувањето на полицијата, која на крајот безбедно ги извела учениците од зградата.
Во меѓувреме, на паркингот пред училиштето чекала мајката на Дариан, Шели Квист. За инцидентот дознала од колега од блиска лабораторија кој ја прашал „дали знае што се случува во средното училиште“. Како што пристигнувале сè повеќе информации, станувала посвесна за сериозноста на ситуацијата.
„Човек никогаш не мисли дека вакво нешто може да се случи“, изјавила таа. Признала дека ја фатила паника која не попуштила сè додека не го видела својот син безбеден, меѓу учениците што биле изведувани од зградата.
Шок во малата канадска заедница по масовното пукање
Во пукањето што го потресе Тамблер Риџ во Британска Колумбија, животот го загубиле девет лица, а 25 биле повредени. Последиците од нападот во оваа мала, рурална заедница во западната канадска провинција длабоко ги погодиле нејзините тесно поврзани жители.
Шест лица биле убиени во средното училиште „Тамблер Риџ“.
„Тешко е со зборови да се опише стравот и ужасот што го чувствувате знаејќи дека сакана личност е во опасност“, изјавил Крис Норбери, локален советник чија сопруга работи во училиштето. Тој истакнал дека Тамблер Риџ досега бил исклучително безбедно место.
„Ние тука не ги заклучуваме вратите. Ова е неверојатно безбедна заедница“, рекол тој.
Градоначалникот Дарил Краковка, кој жителите на градот ги смета за свое „семејство“, изјавил дека лично ја познава секоја жртва.
„Тука сум 19 години, ние сме мала заедница“, изјавил тој.
Локалниот новинар Трент Ернст, кој известувал од терен по нападот, го сумирал општиот шок.
„Секогаш постои чувство дека ваквите работи се случуваат некаде на друго место, не тука. Сега тоа е разбиено“, рекол тој.
Родителите чекаат информации за своите деца
Родителите на децата кои го посетуваат училиштето во кое се случил масакрот се собрале во локална сала каде што чекаат вести, пишува „Би-би-си“.
„Родителите се одведени во месната сала каде што чекаат вести дали ова ги погодило нивните деца. Во толку тесно поврзана заедница, ова е многу тешко за луѓето што живеат таму“, пишува „Би-би-си“.

