Македонија
За Владата настанот во Слупчане е приватна посета

Владата нема донесено одлука за одбележување на настанот во Слупчане и нема испратено официјална владина делегација на тој настан, реагираат од Владата откако четворица владини функционери заедно со припадници на АРМ се поклонија пред споменикот на паднатите борци на УЧК во Слупчане.
„Овој настан за Владата нема никаков официјален карактер, ниту пак државен третман. Од овие причини, и врз основа на законите, појавувањето на лица кои во моментов се членови на Владата на овој настан, за Владата има третман на нивна приватна посета на приватна комеморација, затоа што ниту Владата ги испратила на таков настан, ниту пак им дала овластување на тој настан да ја претставуваат, ниту пак да зборуваат во име на Владата, ниту пак настанот има официјален државен карактер. Владата не може да преземе мерки кон лица кои во свое слободно приватно време, и во приватен ангажман, се појавиле или пак зборувале на некој настан. Појавувањето на определени лица на тој настан и она што било истакнато од определени лица на тој настан во поглед на појавувањето или пак за друг аспект не ги одразува политиките и позициите на Владата, и не може да се става во корелација со официјални ставови и погледи на Владата“ се вели во соопштението од Владата.
Според Владата, градењето доверба помеѓу заедниците не може да се остварува ефективно со изолирани настани кои немаат широка поддршка во јавноста, и со ставање на определени настани во функција на политичко-партиска агенда.
„Владата не ги прифаќа обидите за политизација на овој изолиран настан кој не ја одразува владината политика во партиски пресметки. Владата информира дека функциите на државата во општествениот, политичкиот, економскиот и безбедносниот систем се исполнуваат соодветно и единствено, и нема никаква потреба од загриженост на граѓаните од овој аспект“ се вели во соопштението на Владата.
Пет офицери на АРМ и четворица претставници на Владата на РМ се поклонија пред споменикот на паднатите борци на УЧК во Слупчане, на денот кога се одбележуваше 11 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.