Свет
Строс-Кан тужи весник и советникот на претседателот на Франција
Поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан и неговата сопруга Ен Синклер, до судот во Париз поднесоа тужба за напис објавен во францускиот весник Figaro
Поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан и неговата сопруга Ен Синклер, до судот во Париз поднесоа тужба за напис објавен во францускиот весник Figaro, а исто така бараат поведување судски процес за изјавите на советникот на францускиот претседател Анри Гено, јавува во вторникот агенцијата AFP.Голем процес против Доминик Строс-Кан беше започнат во мај годинава во Њујорк, кога тогашниот прв човек на ММФ беше обвинет за силување и сексуален напад врз собарка во еден њујоршки хотел. По три месеца случајот беше затворен, но по скандалот Строс-Кан, ги загуби шансите да се кандидира на претседателските избори идната година. Паралелно со скандалот во Њујорк, француската новинарка и писателка Тристан Банон го обвини за обид за силување, наводно извршен во 2003 година. но во октомври обвинителството го затворија случајот поради застареност.Наскоро францускиот печат почна да истражува нов сексуален скандал во кој повторно беше инволвиран Строс-Кан. Според медиумите на клиентите на хотелот „Carlton“ во францускиот град Лил редовно им се нудат за услуги на Организаторите на проституцијата, наводно, не се ограничувале само на хотелот, туку организирале разуздани забави и по европските градови. Според тврдења на сведоци, активен учесник во таквите забави биле Строс-Кан.Во средината на ноември беше објавено дека Строс-Кан и неговата сопруга имаат намера да се обратат до судот во врска со бројните написи за поранешниот челник на ММФ. Во тужбата, тие наводно сакале да тужат за напад врз нивната приватност, како и за нарушување на тајноста на истрагата и на презумпцијата на невиност. Од адвокатите беше побарано да подготват тужба против повеќе француски весници и списанија. Станува збор за изданијата на Express, Figaro, Nouvel Observateur, Paris Match и VSD.Досега е поднесена само една тужба, оваа против Figaro. Другите, како што се претпоставува, ќе бидат поднесени во блиска иднина.Строс-Кан, исто така, го тужи советник на францускиот претседател Николас Саркози, Анри Гено. Тужбата е во врска со изјавите на Гено за повеќе телевизии во кои тој прави паралели меѓу судската постапка во САД и сторијата за хотелот во Лил, велејќи дека станува збор „за сосема иста работа“./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.
Свет
ЕУ воведува апликација за пријавување сајбер-насилство кај младите
Младите во Европската Унија наскоро ќе можат преку посебна апликација да пријавуваат сајбер-насилство, најави еврокомесарката за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во Стразбур.
Апликацијата е дел од Акцискиот план за борба против кибернетичкото злоставување, претставен на Меѓународниот ден за побезбеден интернет. Виркунен изјави дека „сите жртви и сведоци на злоставување мора да знаат каде можат да се обратат за помош“, поради што ќе се воведе алатка на ниво на ЕУ.
Таа повика земјите-членки да изработат национални планови и да воспостават заедничка дефиниција за сајбер-насилство, со цел подобра споредба на податоци и поефикасна заштита на младите.
Европската комисија потсети дека со Актот за дигитални услуги од платформите се бара повисоко ниво на приватност и заштита на малолетниците, додека со Актот за вештачка интелигенција се забранува манипулација и измама на корисниците.
Европратениците повикаа на поголема одговорност на социјалните мрежи.
Свет
Витакер: Трамп и Зеленски ќе го потпишат мировниот договор кога ќе дојде време
Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија.
Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување мир.
„Постојано го повторувам тоа, не само затоа што верувам во тоа, туку и затоа што внимателно ги следам преговорите. Мислам дека сме поблиску до мир во Украина од кога било“, изјави тој.
Додаде дека документите за мировниот договор ќе ги потпишат Доналд Трамп и Володимир Зеленски „кога тоа ќе биде соодветно и кога ќе дојде време“.
„Сметам дека треба да продолжиме да се молиме за мир, но истовремено да обезбедиме Украина и натаму да има, преку програмата ПУРЛ (програма преку која европските членки на НАТО од САД купуваат оружје за Украина) и други иницијативи, сè што ѝ е потребно за да се брани“, рече Витакер.
САД очекуваат земјите-членки на НАТО во наредните два дена да објават нови обврски за купување американско оружје за Украина.
Витакер посочи дека трите земји кои досега купиле најмногу американско оружје за Украина преку програмата ПУРЛ се Германија, Холандија и Норвешка.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди долари за купување вооружување за украинските вооружени сили во рамки на истиот програм.

