Македонија
Лисици со беснило забележани во велешко
Лисици со беснило се забележани во велешкиот реон, а ловџиите од ловното друштво Руен од јули годинава до денес фатиле три лисици во Стариград, Мартолци и Оризари.
Лисици со беснило се забележани во велешкиот реон, а ловџиите од ловното друштво Руен од јули годинава до денес фатиле три лисици во Стариград, Мартолци и Оризари.
Испитувањата во референтната лабораторија во Франција потврдиле дека кај лисиците имало беснило.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека кампањата на Владата за вакцинација ќе ја спречи оваа појава.
„Акцијата почна годинава, а ќе трае во наредните пет години. Секоја пролет и есен авионски ќе се пуштаат вакцини и се надеваме дека ваквата состојба ќе се нормализира и нема повеќе да се јавува беснило кај лисиците, рече Виктор Наковски, официјален ветеринар во подрачната единица во Велес на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од Агенцијата соопштуваат дека континуирано ја следат состојбата на терен и редовно спроведуваат вакцинација со поставување мамци кои содржат капсула со средство против беснило. Ги советуваат сопствениците на домашни животни да ги вакцинираат против болеста и секој сомнителен случај да го пријават во ветеринарните служби.
Инаку симптоми на беснило кај лисицата се талкање преку ден, агресивно однесување и напаѓање животни и луѓе. /крај/лсц/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.