Свет
Асад ги нарече САД страна во сирискиот конфликт
Сирискиот претседател Башар ал-Асад во рaзговор за германската телевизија ARD ги обвини САД дека ги поддржуваат бунтовниците во земјата за да ја дестабилизираат Сирија, со што практично заземаат страна во конфликтот, а го фали планот на меѓународниот претставник Кофи Анан.
САД „учествуваат во судирот“, рече сирискиот претседател Башар ал-Асад тврдејќи дека тие „нудат заштита и политичка поддршка на бандите за да ја дестабилизираат Сирија“,
Како што нагласува во интервјуто за ARD претседателот на Сирија, тој нема намера да ја напушти својата функција.
„Претседателот не треба да бега од домашните проблеми, а сега ние се наоѓаме во ситуација на национален предизвик за сириското општество“, вели претседателот Асад додавајќи дека „од друга страна, на должност се останува само со поддршка од народот“.
На состанокот во Женева на 30-ти јуни министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Германија, како и арапските земји од регионот земји и меѓународни организации се договорија за принципите за решавање на ситуацијата во Сирија. Тие вклучуваат формирање преодна влада во земјата, со учество на сите политички субјекти, според новиот план на специјалниот претставник на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан. Сепак, претставници на голем број на западни земји, особено францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, по средбата повеќепати изјавија дека договорот постигнат во Женева го исклучува учеството на сирискиот претседател во новата преодна влада.
Во петокот на 6-ти јули групата Пријатели на Сирија, повика за зголемување на притисок врз Сирија и побара оставка од ал-Асад.
Во интервјуто за германската телевизија Башар ал-Асад од критиките не ги поштедува и соседните земји Саудиска Арабија и Катар, коишто според него на „терористите им обезбедуваат оружје“, додека за Турција вели дека им обезбедува логистичка поддршка.
„Знаеме дека мировниот посредник Кофи Анан е соочен со многубројни препреки во спроведувањето на својот план, но тој план не смее да пропадне. Тоа е многу добар план“, вели сирискиот претседател.
Кофи Анан во неделата навечер допатува во сириската престолнина Дамаск и во понеделник ќе се состане со претседателот Асад.
Сирискиот претседател во интервјуто, исто така, тврди дека повеќето од жртвите во конфликот се неговите приврзаници, а не противниците на неговиот режим./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

