Свет
САД го прекинуваат учеството во воени операции во Либија

Американските сили го прекинаа своето директно учество во воените операции во Либија оставајќи ја одговорноста за завршување на мисијата на Велика Британија, Франција и другите сојузници во НАТО, јавува денеска Асошиејтед прес повикувајќи се на претставници на Пентагон.
Американските сили го прекинаа своето директно учество во воените операции во Либија оставајќи ја одговорноста за завршување на мисијата на Велика Британија, Франција и другите сојузници во НАТО, јавува денеска Асошиејтед прес повикувајќи се на претставници на Пентагон.
Почнувајќи од денеска, американското воено воздухопловство ќе престане со воздушните напади врз воени цели на армијата лојална на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи.
Американските воени бродови и подморници, кои беа крај либиското крајбрежје во Средоземното Море, ќе престанат да стрелаат кон нејзината територија со ракетите „томахавк“. Според Пентагон, вчера од американските бродови не бил истрелан ниту еден проектил.
Американската команда сепак сѐ уште не одлучи да ги повлече бродовите од зоната на операции, во случај доколку на остатокот од силите на НАТО им биде потребна воена поддршка. Учеството на американските воени операции во Либија, сега ќе биде можно само по барање на НАТО, и по соодветно одобрение од Вашингтон, пишува агенцијата.
Повлекувањето на САД од операциите во Либија беше претходно најавено. Меѓудругото, оваа воена операција ги чини САД милиони долари. Повлекувањето е поврзано во голем дел и со трошоците поврзани со транспортирањето на воените единици во областа на непријателствата и нивното снабдување со муниција и опрема.
Според процените на Пентагон, американските воени расходи во Либија за првите десет дена од операцијата изнесуваат околу 550 милиони долари. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.
Свет
Прекинати летовите на главниот аеродром во Бангладеш, избувна пожар

Властите во Дака ги прекинаа сите летови на Меѓународниот аеродром Хазрат Шахџалал, главниот аеродром во Бангладеш, по пожар во товарниот дел. Талха Бин Засим, портпарол на Противпожарната служба и Одделот за цивилна одбрана, изјави дека 32 противпожарни возила биле распоредени за гаснење на пожарот, кој започнал денеска попладне.
Управата за цивилно воздухопловство на Бангладеш ги прекина сите летови веднаш по инцидентот, наведувајќи дека операциите ќе останат запрени до понатамошно известување.
Покрај националната противпожарна служба, единици од Воздухопловните сили и Морнарицата на Бангладеш се придружија на напорите за гаснење на пожарот, според Одделот за односи со јавноста меѓу службите.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Снимките од местото на настанот покажаа црн чад како се извишува над аеродромот.
Како одговор, државната авиокомпанија „Биман Бангладеш ерлајнс“ пренасочи четири од своите летови, кои требаше да слетаат во Дака, кон аеродромите во Силхет и Чатограм.