Македонија
Груевски – Папандреу денеска на средба во Мала Преспа
Премиерот Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу денеска доцна попладне ќе се сретнат на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна и ќе разговараат за спорот околу името
Билатералната средба е дел од мини-самиотот за климатски промени на кој ќе учествуваат премиерите на Грција, Македонија и Албанија. Средбата Груевски – Папандреу во Мала Преспа е втора по ред директна средба по онаа во Брисел на која македонската и грчката страна ќе се обидат директно, надвор од процесот на преговорите што се водат во посредство на ОН и Метју Нимиц, да дојдат до напредок во спорот. Средбите ги иницира Европскта Унија во пресрет на одлуката на Европскиот совет на 7 декември за тоа дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.Се очекува, според дипломатски извори, двајцата премиери пред 7 декември да се сретнат уште еднаш, и тоа во Брисел. Веќе е испланирана, но не и потврдена средбата меѓу претседателот на Европксата комисија Жозе Мануел Баросо и Груевски во Брисел на 2 декември.Двајцата премиери пред средбата во Мала Преспа оценија дека на средбата нема да дојде до решение, но дека тоа е добар знак за напредок во преговорите и конструктивност. Груевски пред Папандреу ќе ги образложи македонските позиции во спорот кои всушност, како што рече тој, се испишани во партиската програма на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се неменување на Уставот, прифаќање на решение кое не би задирало во македонскиот идентитет, култура и јазик и кое би било потврдено на референдум, како и двојната формула како решение за опсегот во кој би се употребувало договореното име.Пред денешната средба, државата вчера ненајавено ја посети шведскиот министер за надворешни работи и актулен претседавач на Унијата Карл Билд. Тој доцна синоќа дојде во неформална посета на премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. На работната вечера, како што соопштуваат владините прес-служби, на средбата се разговарало за евроинтегративните процеси на државата, но и за прашањето за името наметнато од страна на Грција. Шведскиот шеф на дипломатијата изразил надеж за негово решавање.„Билд изрази задоволство и и’ честиташе на Република Македонија за досегашните успеси во спроведувањето на реформите и модернизацијата на општеството, како и за позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

