Свет
Полицаец убиен во судница во Лас Вегас
Две лица се убиени во престрелка која се е одиграла во сојузниот суд во Лас Вегас во понеделник
Според соопштението на полицијата, се вели дека мажот во кој е пукано во зградата на судот бил припадник на FBI а нападнат е и ранет со огнено оружје. Според Аssociated Press, 48-годишниот агент бил ранет и хоспитализиран, а напаѓачот бил убиен.Инцидентот го потврдила портпаролката на полицијата во Лас Вегас, Барбара Морган.Двете жртви се заменик на американски маршал и вработен во обезбедувањето на судот на 63-годишна возраст, кој починал потврдил портпаролот на мериканскиот сојузан маршал, Џеф Картер. Како што јавува CNN, престрелката се случила во осум часот по локално време.Федералното биро не ги соопштува идентитетите на лицата кои учествувале во престрелката. Се претпоставува дека напаѓачот во федералната зграда каде се наоѓал судот, дејствуал сам и дека не е поврзан со терористички акт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Свет
Русија загуби стратешки важен остров
Украина во неделата објави дека ја вратила контролата врз тактички важниот остров Нестрих. Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили, изјави за украинската радио станица Хромадске Радио дека контролата на островот во реката Днепар во регионот Херсон значително ќе ги зголеми контрадиверзантските мерки на Киев.
Откако рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, неговите сили брзо зазедоа големи делови од Херсон. Сепак, Украина започна контраофанзива во регионот подоцна истата година во која нејзината армија го ослободи северен Херсон на десниот брег на Днепар. Оттогаш, украинските сили започнаа редовни напади преку реката, вклучително и воспоставување на повеќе мостови на источниот брег во есента 2023 година.
Плетенчук изјави за радио Хромадске дека островот Нестриха, кој се наоѓа на околу 20 километри југозападно од градот Херсон, има „тактичко значење“. Тој додаде дека „битни се сите локации кои го спречуваат непријателот да се приближи до позициите“.
„Со оглед на тоа што непријателот вообичаено користи слични локации (всушност има многу такви острови на реката Днепар) за да се доближи и да постави минофрлачи, тогаш ова е првенствено важно за квалитетот на антидиверзантските мерки“, рече Плетенчук. „Значи, да, ова место е исчистено од непријателско присуство.
Свет
Четворица полицајци убиени во акција во САД, осомничениот пукал во нив
Четворица полицајци загинаа, а уште толку се повредени во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина. Според информациите од полицијата, убиен е и напаѓачот.
Началникот на полицијата, Џони Џенингс, на прес-конференција рече дека тројца од убиените полицајци се членови на американската оперативна група за бегалци, која ја сочинуваат полицајци од различни агенции.
„Четвртиот офицер беше Џошуа Ајер, кој служеше во одделот Шарлот-Мекленбург шест години“, рече Џенингс, додавајќи дека градот изгубил „херои кои само сакале да ја заштитат заедницата“.
Полицајците биле убиени додека биле на пат да апсат осуден криминалец.
„Тие стигнале до куќата каде што бил осомничениот, кога тој почнал да пука во нив“, рече Џенингс.
Полицајците возвратиле и осомничениот бил убиен во дворот.
Полицајците потоа отвориле оган во куќата. По тензичен судир, полицијата приведе две лица. Се верува дека најмалку еден од нив пукал кон полицијата.
Покрај четворицата убиени, Џенингс рече дека биле застрелани и четворица полицајци од Шарлот кои биле на местото на злосторството. Еден е во критична состојба, додека тројца се стабилни.