Македонија
Македонија подготвена за борба со сајбер криминалот
Сајбер или компјутерскиот криминал е нов предизвик за кој институциите за спроведување на законот мора и треба постојано да се подготвуваат и да се надградуваат, порача министерката за внатрешни работи Гордана јанкулоска, на меѓународната конференција во Сараево.
„Институциите задолжени за спроведување на законот треба и мора, со несмален интензитет, да ја унапредуваат и прилагодуваат својата подготвеност за ефикасно спротивставување кон предизвиците што во ова време ги исправа пред нас феноменот којшто го нарекуваме – сајбер или компјутерски криминал“, рече Гордана Јанкулоска во своето обраќање на Меѓународната конференција што денес се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.
Конференцијата е посветена на „Безбедноста на Балканот, технологии и образование – предизвици во светот на компјутерската инфраструктура“.
На оваа конференција на која што присуствуваат челните луѓе на ресорите за внатрешни работи на земјите од регионот (Србија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Турција, како и претставници на американската ФБИ, на ICITAP програмата, на Советот на Европа, НАТО, институтот „Џорџ Маршал“ и други, министерката Јанкулоска говореше за повеќе аспекти од борбата против компјутерскиот криминал, притоа акцентирајќи дел од активностите што во тој правец ги превзема македонското МВР.
Јанкулоска рече дека во минативе неколку години Македонија релативно брзо успеа нормативно да ги дефинира овие нови форми на кривично делување, а напоредно со тоа на организационо рамниште, во рамки на институциите се создаде потребна кадровска и техничка инфраструктура за спротивставување кон овој вид криминал, информираат од МВР.
Во попладневниот дел од конференцијата, предвидени се билатерални средби на министерката Јанкулоска со министерот за внатрешни работи и премиер на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и со министерот за внатрешни работи на Турција, Идрис Наим Шахин./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се бара Миле Тодоров од Неготино, семејството моли за помош во неговото пронаоѓање
Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.
-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР
Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот.
Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.
Македонија
Таткото на Фросина: Тој уби бисер од дете, врвен дизајнер, со пофалби, со награди, неказнивоста е коренот на сите проблеми
Во Неготино денеска се одржа граѓански собир во знак на сочувство со родителите на трагично загинатата Фросина Кулакова, која завчера вечерта беше прегазена од 20-годишниот возач Васил Јованов. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача вакво нешто да не се случи никому.
– Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.
Кулаков додаде дека во вака поставено правосудство каде што неказнивоста е примарно нешто, тоа се одразува на сите сфери во животот.
„Дали е тоа сообраќај, економија, не знам.. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството. Тој таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби со награди, и му оставаш од таа неказнивост наместо да е во притвор заради таквиот пристап он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе.“
Граѓаните денеска излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова.
Се оставија цвеќиња и се палат свеќи крај фотографијата на Фросина, а демонстрантите носеа транспаренти, на кои пишуваше: „Врските не враќаат човечки животи“, „Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“, „Уште колку?“, „Не е несреќа, туку убиство“.
Македонија
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица затворен за сообраќај за сите видови возила
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила, велат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.