Економија
ТУК со признание за најуспешен настан за посетата на британски ТУР-оператори во Македонија
Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на туризмот, доби награда од Министерство за економија за организација на најуспешен туристички настан во 2009 г.
Во март годинава, ТУК со поддршка на Британска амбасада Скопје и македонската амбасадата во Лондон, организира посета на британски тур-оператори во Македонија, со цел промоција на нашата земја и развој на туризмот. Тур-операторите беа во седумдневна посета на Македонија во периодот од 23ти до 28ми март, со што ќе им овозможиме соработка со туристичките агенции и хотели, фирмите членки на комората. Групата со тур- операторите ја придружуваше Марк Стратон, британски новинар кој објавува во Deily Telegraph и CNN Traveller, кој по посетата објави статија за Македонија во познатиот лондонски магазин TNT Magazin. „Во посета дојдоа претставници од три тур-оператора од Велика Британија. Regent holidays, Pax travel и Indus Tours. Се надеваме дека Македонија ќе стане една од најпривлечните туристички дестинации на Балканот. Сакаме да воспоставиме подобар однос со државата во областа на туристичката и угостителската дејност, да бидеме учесници во работата и ќе настојуваме заеднички да работиме за развој на туризмот и промоција на нашата држава“, изјави Огњан Циговски, претседател на ТУК. Како резултат на посетата, британските тур-оператори дадоа позитивни критики за туристичките потенцијали во Македонија. Тур-операторот Pax Travel организираше посета на британски туристи во август кои беа во посета на Охрид и западниот дел на Македонија. Според нивните впечатоци, Македонија нуди многу можности за развој на културниот, алтернативниот и манастирскиот туризам.Покрај посетата на Британските тур-оператори, во ноември минатата година ТУК организираше посета на тур оператори од Чешка, Украина и Сан Марино. Поканувањето на странски тур оператори ќе прерасне во традиција за Туристичко-угостителската комора за подобрување на туристичката понуда на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

