Македонија
ЗНМ започнува медиумска кампања две недели пред изборното собрание

Здружението на новинари (ЗНМ) започнува нова медиумска кампања која треба да придонесе за поактивно членство на новинарите во ова здружение, неколку недели пред изборното собрание
Газменд Аидими, Генерален секретар на ЗНМ рече дека кампањата “Скрши го гипсот – Зачлени се во ЗНМ“, треба да ја подигне свеста кај новинарите за поактивно делување во ЗНМ но има и цел да обезбеди учество на изборното собрание кое ќе се одржи на 20 ноември во Скопскиот Саем. „Поради ова ќе се обидеме во текот на наредните 20-тина дена и тие новинари кои мислеа или се уште мислат дека здружението не може да им ги реши проблемите односно дека зачленувањето во здружението или продолжувањето на членството не значи ништо, ќе се обидеме да ги убедиме дека само заеднички може да ги решиме проблемите“, рече Газменд Аидими. Од ЗНМ најавија дека медиумската кампања, во која тие ќе се обидат да ги промовираат и објаснат промените во новиот статут, ќе се одвива преку весниците и електронските медиуми, но и преку таканаречените нови медиуми како Фејсбук, Твитер итн. Новиот статут на ЗНМ веќе е донесен, а започнати се и други активности за реформирање на здружението од формално правен аспект. Една од најважните промени е тоа што со новиот статут ќе му се овозможи на секој член на ЗНМ да гласа на изборните собранија, и директно да влијае во избирањето на претседател на ова здружение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.