Свет
Хеликоптер нападнал пиратска населба во Сомалија
Функционери на армијата на САД и на Поморските сили на ЕУ негираа дека еден од нивните хеликоптери учествувал во престрелката која ја пријавиле жителите на крајбрежна населба во Сомалија, јавува Associated Press
Жителите на Мерка, крајбрежна населба на 70 километри југозападно од престолнината Могадишу, пријавиле дека воен хеликоптер вчера прелетал над градот, а вооружените милитанти од населбата пукале во него. Жителите велат дека хеликоптерот возвратил на оганот, но не биле предизвикани поголеми штети.Од командата на Специјалните операции на САД во Африка тврдат дека немаат никаква врска со инцидентот. Истото го изјави и портпаролот на Поморските сили на ЕУ, која е антипиратска единица распоредена во близина на брегот на Сомалија.„Можам да ви кажам дека немаме единици во таа област. Искрено ви велам дека и ние сме изненадени од информацијата“, изјави портпаролот на европските сили, мајорот Бриан Портел и додаде дека силите немаат овластувања да оперираат на брегот, туку само во на отворено море.Минатиот септември, командоси на САД со хеликоптери нападнаа конвој во кој беше и еден од врвните терористи на Ал Каеда, Салех Али Салех Набан во руралните делови на југот на Сомалија, се приземјиле, го зеле мртвото тело на терористот и се повлекле. Сомалија нема функционална влада речиси 20 години. Моќта на милитантната група поврзана со Ал Каеда, „Ал Шабааб“, во последниве години порасна до тој степен, што сега тие го контролираат поголемиот дел од југот на земјата, каде што се наоѓа и населбата Мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Герасимов им се заканува на САД: Следат контрамерки
Русија ќе преземе контрамерки доколку САД одлучат да продолжат со нуклеарните тестови, предупреди висок руски воен командант. Изјавата на Валериј Герасимов доаѓа во време на зголемени тензии и неизвесност околу иднината на контролата на оружјето, со истекување на клучниот договор Нов СТАРТ на почетокот на следната година, објави руската државна новинска агенција Интерфакс.
Герасимов нагласи дека Вашингтон сè уште не одговорил на руските предлози за продолжување или замена на Нов СТАРТ – договор дизајниран да ги ограничи стратешките нуклеарни арсенали на двете сили. Сегашниот договор истекува на 5 февруари 2026 година, оставајќи малку време за преговори.
„Доколку американската страна продолжи со овие тестови, ќе следат соодветни контрамерки“, рече Герасимов, јасно ставајќи до знаење дека Москва е подготвена да одговори на какви било потези на Вашингтон што ги смета за закана.
Европа
(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот повик за користење на замрзнатите руски средства за одбрана од агресија.
Во серија објави на платформата Икс, повторувајќи ги клучните пораки од неговиот говор пред Европскиот совет, Зеленски порача дека Русија изгубила „сè што се обидела да искористи за да се заканува или скрши“ на Киев и Европа. „Ако сите постигнавме толку многу, тогаш како може Европската Унија да се скрши сега?“, праша тој.
At the EU Council meeting I said: just like authorities confiscate money from drug-traffickers and seize weapons from terrorists, Russian assets must be used to defend against Russian aggression and rebuild what was destroyed by Russian attacks. It’s moral. It’s fair. It’s legal. pic.twitter.com/y9npXV6AH8
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 18, 2025
Според него, одлуката за користење на руските средства е една од најважните пред Унијата. „Одлуката што сега е на маса – одлуката целосно да се користат руските средства за одбрана од руска агресија – е една од најјасните и морално оправданите одлуки што некогаш можат да се донесат“.
Зеленски нагласи дека тоа мора да биде суверена одлука на Европа, а не на некој однадвор, и дека со текот на времето ќе ја докаже својата исправност. „И ако – или кога – се донесе оваа одлука за целосно користење на руските средства за одбрана од руска агресија, тогаш со текот на времето ќе им стане јасно на сите – ова беше вистинскиот избор и ја направи Европа посилна.“
Тој се осврна и на руските закани насочени кон земјите што ја поддржуваат оваа иницијатива. „Знам дека Русија ги заплашува различните земји поради оваа одлука. Но, не треба да се плашиме од заканите – треба да се плашиме од слабата Европа“, рече тој.
На крајот, тој истакна дека Европската Унија би можела да има директна економска корист од ова, бидејќи парите би се користеле за финансирање на купување оружје произведено во европски компании.
Европа
Русите им се заканија на европските банки
Централната банка на Русија објави дека ќе поднесе тужби против европските банки во руски арбитражен суд, барајќи надомест за обидот за користење на нејзините замрзнати средства. „Во согласност со претходно споменатиот став за заштита на своите интереси, Банката на Русија објавува дека ќе бара надомест од европските банки во руски арбитражен суд за загуби предизвикани од нелегалното блокирање и користење на нејзините средства, во износ на нелегално замрзнатите средства и изгубениот приход“, се вели во соопштението на регулаторот.
Поголемиот дел од замрзнатите руски средства се депонирани на сметките на белгискиот депозитар Euroclear. Билансот на Euroclear Bank покажа вкупна вредност од 227 милијарди евра на крајот на септември, вклучувајќи 193 милијарди евра „поврзани со санкционирани руски средства“.
Руската централна банка поднесе тужба против Euroclear во московскиот арбитражен суд кон крајот на минатата недела поради „нелегални дејствија“ и плановите на Европската Унија да ги користи руските замрзнати средства, барајќи исплата од 18,1 билиони рубљи (192,2 милијарди евра), според канцеларијата за односи со јавноста на московскиот суд.
Дипломатите на ЕУ изјавија за Euractiv дека околу 18 милијарди евра од замрзнатите средства се чуваат на сметки кај група француски приватни банки. Уште неколку милиони се во германски банки, а десетици илјади евра се на банкарски сметки во Шведска, Кипар и Луксембург, соопшти Euractiv.
Фајненшл тајмс објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека околу седум милијарди евра се чуваат и на сметки кај приватни банки во Белгија.

