Свет
Оштетен капиталот на 140 акционери во гевгелиски „Солун 2001“
Зоја Лега-Станоевска, разрешената јавна правобранителка,во 2002 година како судијка во основниот суд Скопје 1, со незаконска одлука оштетила 140 акционери на гевгелиската „Солун 2001“ за околу 3 милиони евра, тврдат акционерите на гевгелиската фирма.
СО НЕЗАКОНСКА ОДЛУКА НА ЗОЈА ЛЕГА-СТАНОЕВСКА
Зоја Лега-Станоевска, разрешената јавна правобранителка,во 2002 година како судијка во основниот суд Скопје 1, со незаконска одлука оштетила 140 акционери на гевгелиската „Солун 2001“ за околу 3 милиони евра, тврдат акционерите на гевгелиската фирма.
Според Ѓоко Калков,претседател и законски застапник на „Солун 2001“, судијката Лега бесправно му овозможила на Ѓорге Дучков, функционер на СДСМ, да стане доминантен сопственик во фирмата незаконски доделувајќи му акциите потребни за доминантниот пакет.
-Одлуката ја донесе на едно судско рочиште и врз основа на усна изјава на генералниот директор на фирмата Борис Поцев, кој на тогашниот претседател на УО, Ѓорге Дучков, му признава сопственост на 6.304 акции. Значи директорот му поклонува акции на претседателот на УО кои се во сопственост на други акционери, а судијката Лега – Станоевска го озаконува тоа со судска одлука – вели Калков.
Калоков нагласува дека станува збор за голем криминал.
-Номиналната вредност е проценета на 528.00 евра, но вистинската вредност на имотот е околу 3 милиони евра. Станува збор за грабеж на акциите на 140 луѓе и тоа врз основа на усно признание. Судијката Лега не ја проверила легитимацијата на Поцев, не проверила дали за преносот на акциите има одлука на Собранието на акционерите. Вџашувачки е тоа што таква одлука има, но фалсификувана. Таа одлука потоа беше криена од Дучков и Поцев како деловна тајна, но во 2004 акционерите ја ископаа истата и ја дадоа на увид во Бирото за вештачење кои се изјасни дека станува збор за фалсификат – вели сегашниот претседател на Управниот одбор на „Солун 2001“.
Акционерите бараат повторување на постапката и враќање на акциите кај вистинските сопственици.
– За утре е закажано судско рочиште на кое треба да се одлучи дали ќе биде повторена постапката за случајот. Се надеваме дека постапката ќе биде повторена и ќе се исправат незаконитостите од првичната судска одлука – вели Калков.
“Солун 2001“ е фирма произлезена од трговско друштво формирано во 1953 година кое во 1990 година целосно се приватизира од страна на вработените, а во 2001 година се поделува на две одделни фирми, „Солун 2001“ и „Солун 53“. Во 2002 година, по одлуката за пренос на акциите во сопственост на Ѓорге Дучков, акционерите почнуваат судски процес со што замира дејноста на фирмата. „Солун 2001“ располага со голем недвижен имот. Поседува царинска продавница на граничниот премин „Богородица“ од 600 метри квадратни и површина од 8.000 метри квадратни. Има два магацини од 1.200 метри квадратни издадени под кирија на 2 фабрики. Располага со земјиште од 10.000 метри квадратни во близина на автопатот и железничката пруга. Во центарот на Гевгелија располага со десетина дуќани, а објекти има уште и во Дојран и во Богданци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

