Контакт

Македонија

Самоодржливоста – проблем на медиумите

Објавено пред

Тешко е да се зборува за професионални стандарди во новинарството во услови на проблеми во нивната егзистенција и во услови кога дел од медиумите не се самоодржливи, сметаат учесниците на дебатата „новинарството е мртво – да живее пропагандата“ организирана од НВО Инфоцентарот

dobivaj vesti na viber

За дел од учесниците, последните случувања во македонското новинарство поврзани со „Утрински Весник“ и медиумите од „Перо Наков“ влечат корени во изминатите 20 години. За Љупчо Зиков од „Капитал“ основата на проблемот е како се финансираат медиумите, дали тие се самоодржливи на пазарот. Генерално, препознава ефтин новинарски производ и малку професионалци во фелата. „Овде станува збор за реална бизнис логика. Има логика – нема логика. Има бизнис – нема бизнис. Значи загубата се прави на начин на кој се прави – пазарно. Не им се купува весникот. Клучот на проблемот е тоа – не им го купуваат весникот. Што е ова, ние во некој кибуц живееме, па произведуваме од љубов? Тоа може само Македонска радио-телевизија – основач е Собрание на Република Македонија, парите ги дава министерот за финансии, платите ги дели владата. Значи тие можат. Може и некој од филантропски и алтруистички причини да го прави тоа“, рече Зиков. За подобрување на состојбите, според првиот човек на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Тамара Чаусидис, потребен е отпор од страна на новинарите и барање на причините за сегашната ситуација.“Новинарството не е мртво. Тоа бара простор да се изрази и на Твитер, и на Фејсбук и на другите социјални мрежи. Тоа чека. И јавноста и ние како професионалци бараме простор и време кога ќе можеме да бидеме навистина професионални. Но, за тоа навистина ни треба отпор и треба да ги бараме причините зошто е тоа така, да ја видиме својата вина. Вината ја гледам во парите, во начинот како се работи со медиумите и на начинот на кој ние сме подготвени да молчиме и да го штитиме сопствениот работодавач, а да го напаѓаме конкурентот. Ние сме дел од проблемот и дел од приказната и мислам дека оттука треба да почнеме“, рече Чаусидис. Според комуникологот Климе Бабунски, таквиот отпор не смее да стане причина за создавање нова пропаганда.„Далеку од тоа дека не треба да се дава отпор. Но, ако тоа биде отпор кој повторно ќе се сведе на пропаганда е најлошото што може да се случи на кој и да е медиум или на кој и да е новинар“, рече Бабунски. Денешната дебата беше организирана во рамки на презентацијата на извештајот „Парламентарни избори 2011“, направен во рамки на програмата „Медиумско огледало“ на НВО Инфоцентарот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Се обврзуваме на брзи резултати и исполнување на она кое што го ветуваме за да ја трансформираме Македонија напред и да ја вратиме државата на граѓаните

Објавено пред

Вие сте нашиот мотиви и сила. Без вас ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија, ниту коалицијата Твоја Македонија нема да биде тоа што сме денеска. А што сме денеска? Денеска после првиот круг на претседателските избори можам гордо да кажам дека народот и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ направија историски најголема коалиција и како резултат на таа коалиција професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од два пати гласови од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампањата за претседателските и парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет заедно со народот испишува историја, посочувајќи дека после локалните избори, очекува и на овие избори заедно со народот да победат и испишат историја.

Ова е континуитет да коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на последните изборни циклуси заедно со народот испишува историја. Така беше на локалните избори во 2021 година,

Мицкоски нагласи дека победата значи одговорност и брзи резултати, додавајќи дека имаат план, енергија, мотив за да реализираат се што ќе ветат.

Ова е одговорност. Свесни сме дека ова е одговорност и народот бара брзи резултати. Имаме план, енергија, мотив. Вие сте нашиот мотив да веднаш после формирањето на новата влада сето она кое што го зборуваме ширум Македонија го реализираме и веднаш се да се почувствуваат брзите резултати. Тоа е нашата цел, рече Мицкоски и додаде:

И тоа ќе биде одговор на многумина кои се обидуваат да бидат аналитичари и да го демотивираат народот во Македонија со тоа што велат дека сите политичари се исти. Јас сакам да кажам дека не само што не сме сите исти, туку ние сме многу поразлични. Не можам јас да бидам ист со Димитар Ковачевски, бидејќи стојам позади Гордана Силјановска. Не може да биде Гордана Силјановска иста со Стево Пендаровски, бидејќи позади Стево Пендаровски стои Али Ахмети. Не сме сите исти. Многу сме различни и затоа овие историски моменти кои се случуваат, оваа масовно обединување кое се случува во Македонија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и народот ќе остане забележано и јас сум убеден дека на 8 мај ќе ставиме точка. Точка на една нова голема историска победа со 61 пратеник во македонскиот парламент.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Објавено пред

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

dobivaj vesti na viber

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:
-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од гласање за помалото зло

Објавено пред

„Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики“, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев од Прилеп, презентирајќи ја предизборната програма на неговата партија во пресрет на парламентарните избори.

dobivaj vesti na viber

-По првиот круг не паѓаме со духот, туку продолжуваме со првичната замисла, додаде Апасиев.

Партијата Левица очекува поддршка од прилепчани каде, како што велат од оваа партија, имаат реална основа за тоа.

– Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството. Планираме фиксни откупни цени, државни откупни центри за да не можат прекупците да ја местат цената како што ним им одговара, ладилници за складирање на произведената храна од кои ќе се снабдуваат Армијата, градинките, училиштата, болниците. Мерките, генерално ни се насочени кон државна интервенција во земјоделството, а не да биде оставено стихијно. Во стопанството планираме рестартирање или отворање државни профитабилни фирми во секоја стратешка стопанска гранка, рече носителот на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица, Сашко Јанчев при претставувањето во Прилеп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија5 часа

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет7 часа

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија8 часа

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...

Македонија8 часа

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот...

Македонија9 часа

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст. Пролетниот распуст е воведен...

Свет9 часа

(Видео) Први снимки од силното торнадо во Кина – „Ова е како Армагедон“

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени...

Македонија10 часа

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија11 часа

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија11 часа

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија11 часа

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија23 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија23 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија1 ден

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија1 ден

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет1 ден

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет1 ден

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...