Македонија
Пратениците и министрите „заглавија“ во Собранието
„Како му почна годината на премиерот Груевски, така ќе му заврши, со доцнење од 45 минути“, рече пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ, по доцнењето на премиерот и на денешната предновогодишна седница на Собранието за пратенички прашања
Како му почна годината на премиерот Груевски, така ќе му заврши, со доцнење од 45 минути“, рече пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ, по доцнењето на премиерот и на денешната предновогодишна седница на Собранието за пратенички прашања
Додека сите граѓани се подготвуваат за славење на Новата година, пратениците и целата Влада одржуваат седница на Собранието за пратенички прашања која треба да трае до 18.30 часот, обвини опозицијата.
Пратеникот Амди Бајрам имаше предлог да останат сите пратеници кои се присутни на седницата до 23 часот ако треба, со оглед на тоа што има дури 31 најавено пратеничко прашање.
Андреј Петров од СДСМ, сакаше да знае како може премиерот да се дрзне и да го критикува Уставниот суд како институција и да го квалификува како партиски орган што работи по директива на СДСМ. Според него, на тој начин се дава лош пример за непочитување на институциите.
Премиерот Никола Груевски рече дека дел од луѓето кои седеле во Уставниот суд и креваат два прста донесуваат одлуки по партиска основа, а институцијата според него, треба да функционира неприкосновено.
Петров ја критикуваше и состојбата во изминатата година во Македонија на економски план, па го покани премиерот Груевски и сите пратеници заедно, по негов избор да појдат кај која било социјално загрозена група и да разговараат со нив наместо да дебатираат денеска во Собранието.
Груевски рече дека работата на неговата Влада се базира на таков начин на работа и дека досега разговарале на многу теми, за многу проблеми, дека некои од нив полесно, а некои потешко се решаваат.
Петров ја критикуваше состојбата со зголемување на сметките за струја, за парно, сметките за МРТВ, недостатокот на учебници за четврто и седмо одделение, 14 – те илјади отпуштени текстилци, неколкуте илјади металци и рудари, здравството во кое до година ќе се набави медицинска опрема двојно поскапа и друго.
„Во оваа држава се оди нагоре, освен живеачката“, рече Петров.
Груевски како одговор го посочи намалувањето на невработеноста од 38 на 32 отсто, намалувањето на придонесите, помошта за претприемачите да вработат нови луѓе, и дека владата прави се да ја подобри состојбата.Петров сакаше да знае и зошто на земјоделците им се оставени само 10 дена за пријавување на дополнителни приходи, настрана од земјоделство, кои дополнително треба да се оданочат.
Наместо премиерот, одговор даде министерот за финансии Зоран Ставрески, кој рече дека земјоделците навреме се известувани за таа мерка, од страна на УЈП, а и мерката е донесена во договор со нив. Имено, со антикризните мерки беше донесена одлука земјоделците со годишен приход до пет илјади евра да не плаќаат данок, а оние над пет плаќаат само 20 отсто, затоа што има ослободување од 80 отсто, на данокот кој изнесува 10 отсто. /крај/ Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

